Виљушкарот поминува помеѓу потполнетиот со стока регален магацински простор. Виљушкарот поминува помеѓу потполнетиот со стока регален магацински простор.
Индустриски решенија за стоки за широка потрошувачка.

Сеопфатна FMCG-логистика

Голема фреквенција на нарачки и кратко време на испорака – најчесто ова се предизвиците со кои се соочуваат клиените од областа на FMCG-индустријата.

Брзо и непречено во малопродажба

Дали прехранбени произоди, производи за нега на тело или производи за чистење - во многу краток временски период голема количина на производи треба да се транспортира од едно на друго место. Нашите сеопфатни, индивидуални концепти за испорака- и складирање во секторот за стоки за широка потрошувачка & FMCG-логистиката овозможуваат дневна достапност на овие стоки во продажните места.

Испораките се извршуваат национално и интернационално со делумни и комплетни транспорти, интермодални транспорти и поморски транспорти во различни региони. Испораките се одвиваат со FTL, LTL и преку мрежни центри. Ова резултира не само со краток период на достава, туку и со поекономични транспортни решенија. Голем број на услуги со додадена вредност и индивидуално, транспарентно известување на клиентите ја комплетираат понудата за индустријата за широка потрошувачка.

Ова се придобивките за нашите клиенти во областа на FMCG-логистиката

  • долгогодишно искуство во индустријата
  • индивидуални решенија
  • европски мрежи со локации во Централна и Источна Европа
  • континуиран мониторинг со проактивни информации за испораките
  • директно лице за контакт (Single point of contact)
Сертификати

Индивидуални решенија за FMCG-логистика

Складиштата на Quehenberger Logistics комбинираат најсовремена најсовремена технологија со софистицирани системи за складирање. Во преден план се:

  • ECR/GS1-стандарди и DESADV-известувања за испораки
  • перманентен инвентар
  • транспарентни повратни информации на клиентите

Во зависност од барањата работиме врз основа на различни процедури за складирање (FiFo, FeFo, итн.) и обезбедуваме разновидни Cross-Docking-концепти.

Во Quehenberger Logistics имате придобивка од индивидуалните концепти кои се целосно прилагодени на Вашите потреби.  Нашата цел е секогаш да Ви понудиме најсоодветна и економична транспортна опција за Вашите барања. Ова значи: Најдобри концепти за набавна и дистрибутивна логистика преку комбинации за испораки со FTL, LTL, збирен транспорт и испорака на пакети. Кратките временски рокови на испорака се овозможени со: 

  • оптимално планирање на итни пратки
  • точност при преземање и испорака на пратки
  • резервации за времснки ограничени пратки
  • искуство во справување со централни складови
  • размена на палети и менаџмент

Како дел од сеопфатните логистички услуги за стоките за широка потрошувачка Quehenberger Logistics користи најсовремени ИТ-решенија кои овозможуваат ефикасни и непречени процеси.  

  • ИТ-решенија според ECR-стандард 
  • систем за управување со склад (WMS)
  • скенирање на EAN-код 
  • EDI-пораки
  • DESADV-известувања за испораки
  • минимален рок на траење и управување со серијата
  • EU-178/2002 следливост
  • континуиран мониторинг со проактивни информации за испораките 
  • месечни KPI-извештаи на нашите клиенти 

За да можете да се посветите на Вашата основна дејност нудиме многу услуги со додадена вредност во областа на стоки за широка потрошувачка & FMCG:

  • консолидирање
  • пакување
  • етикетирање
  • Display-приказ
  • испорака до продажни места

Силна мрежа

Дали во Австрија, Германија, Романија, Русија или Хрватска – со Quehenberger Logistics добивате силна, интернационална мрежа во 20 земји. На 85 локации и 430,000 квадратни метри простор за складирање нудиме услуги во близина на клиентите. 

Поглед во нашата секојдневна работа

Ви требаат подетални информации од областа на стоки за широка потрошувачка Sie & FMCG? Јавете ни се или испратете ни е-маил. Со задоволство ќе Ве информираме!