Ние се потпираме на компетентни подизведувачи
Quehenberger Logistics е сеопфатен провајдер за транспорт и логистика, со фокус на Централна и Источна Европа. Ние го цениме личниот контакт и довербата со нашите клиенти и и партнери.
Станете партнер за транспортни услуги во Quehenberger Logistics
Како партнер за транспортни услуги во Quehenberger Logistics ќе профитирате од соработката со успешна транспортна и логистичка компанија со одлични идни перспективи. Вие и Вашиот персонал може да очекувате многу придобивки кои ќе Ви овозможат предност во однос на конкуренцијата.
Вие ќе профитирате од
- сигурна и стабилна работа со професионален партнер
- навремена исплата на фактурите за транспорт
- можност за користење на придобивки во една голема компанија
- ефикасна и електронска администрација
Ние ја цениме отворената комуникација и придаваме големо значење на довербата и долгорочните деловни односи со нашите партнери за транспорт. За возврат ja очекуваме Вашата подготвеност да дејствувате според нашите вредности.
Од Вас бараме
- отвореност и транспарентност во однос на Вашата актуелна бизнис ситуација и способности за извршување на услуги
- апсолутна сигурност
- професионално однесување со нашите клиенти
- обезбедување на квалификуван персонал