Квалитет & Иновации
Размислуваме за иднината
Она што го правиме денес, го правиме со највисоко ниво на квалитет, професионалност и страст. Во исто време континуираното подобрување и постојаниот развој на нови решенија се нашиот врвен приоритет. Секогаш сме отворени за размислување и иновации ориентирани кон иднината – за и во иднина да обезбедиме уште поголема ефикасност, профитабилност и доверба, која Вие како наш клиент ги очекувате од нас.
Како работиме
За високо ниво на задоволство на клиентите постојано развиваме стабилни, сигурни процеси и решенија, базирани на интегриран систем за управување со квалитет, безбедност и животна средина. Ефикасните процеси во логистичиот синџир и транспарентен проток на информации се од суштинско значење за исклучителниот квалитет на услугата.
Ваша придобивка: Услуги на кои може да се потпрете. Стандардизирани, но поединечно прилагодени на Вашите процеси, стабилна структура на проекти, ефикасно користење на ресурси и значајни показатели за успех се во преден план за нас. На овој начин можете целосно да се концентрирате на Вашите основни активности и да знаете дека Вашите пратки се во сигурни раце.
Наша оперативна стратегија:
-
Во креирањето на индивидуалните решенија за клиентите не измислуваме секогаш нешто ново, туку се потпираме на нашето долгогодишно искуство во оваа област. Врз основа на тоа нашите логистички експерти развиваат индивидуални Best-Practice-процеси со сопствени стандарди и решенија со додадена вредност. Тие се развиваат на глобално ниво, врз основа на истите стандарди и прилагодени на Вашите специфични барања.
-
Ние работиме во согласност со најдобро проверени и доверливи упатства за управување со проекти. На тој начин гарантираме дека при имплементацијата на нови решенија ризиците се намалуваат, почетокот на проектот се одвива непречено и сите можни извори на грешки во почетната фаза се спречуваат.Ова придонесува за брза и економична имплементација.
-
Заедно со нашите клиенти ги дефинираме бараните KPIs, кои ги мериме со ИТ-системи, ги претставуваме во дефинираните интервали и известуваме. Овие индикатори за квалитет претставуваат основа за нашиот континуиран процес на подобрување, како и редовни корекции за квалитет, преку кои се идентификуваат потенцијалите за дејствување и се визуализираат целите.
-
Ние работиме според LEAN-принципите. Со рационализација на нашите процеси постигнуваме зголемување на квалитетот на нашите услуги, а со тоа и на задоволството на нашите клиенти. Вашата додадена вредност произлегува од намалување на ресурсите, последователна оптимизација на трошоците и транспарентност на процесот.
Дигитализација & Софтверски решенија
Дигитализацијата е суштинска предност во областа на логистиката и пошироко. Наша цел е целокупна дигитална поврзаност со нашите клиенти и партнери. Така можете да ги користите уште поприлагодените решенија и нови производи врз основа на Вашите специфични барања. Нашите напори ги фокусираме на зголемена транспарентност долж целиот синџир на набавки и зголемена продуктивност, благодарение на рационализирањето и мерливосна на процесите.
Во текот на дигитализацијата неопходни се нови, иновативни, софтверски-решенија, кои овозможуваат илустрација на нашите процеси од почеток до крај. Така успеавме, на пример, да го намалиме времето на планирање во диспозиција и речиси целосно автоматизиравме голем број на процеси. Нашите возачи користат софтверска апликација која оптимално ги поддржува при транспортот на пратките.
Smart Logistics
Со користење на интелигентни, информатички и комуникациски технологии ефикасно планираме и контролираме логистички процеси. Затоа клучни зборови во Quehenberger Logistics и во областа на „Smart Logistics“ се: безбедност, квалитет и транспарентност. Со помош на следење во реално време и управување со интелигентни аларми, целиот синџир на набавки станува транспарентен и контролиран. Користејќи современа опрема за дијагностика и пренос на податоци веднаш можеме да реагираме при отстапувања од претходно дефинираните барања.
Неисправности во транспортната технологија, температирни флуктуации, воздушен притисок, влажност или промена на рутата – овие и други фактори може да се следат во реално време благодарение на Smart Logistics. Ова овозможува брза реакција при отстапување. Високиот степен на транспарентност и прегледност значи дека Вашите пратки секогаш се безбедни и во најдобри раце.