Quehenberger Loads - апликација за нашите возачи

5 Мин. време за читање

Quehenberger Loads - апликација за нашите возачи

Обработка на дигитални нарачки на паметниот телефон


Ние во Quehenberger се фокусираме на дигитализацијата и иновациите 
кои нè доведоа до создавање на апликацијата "Quehenberger Loads".
Апликацијата ги собира податоците за нарачки кои возачите ги добиваат преку е-меил или СМС. 
Нема потреба да се врши префрлање помеѓу повеќе системи и уреди. 
Апликацијата го следи процесот на утовар и истовар на сите директни транспорти (FTL / LTL). 
GPS-уредот за паметни телефони овозможува следење на возењето и локацијата. 
Вообичаениот POD скенер се заменува со “лесен за употреба” Андроид паметен телефон 
кој пак доаѓа со следниве предности:

Намалена цена на хардверот во споредба со POD скенери
Директно доставување на нарачки до возачите
Лесно пренесување на документацијата преку апликација
Возење и следење на позицијата
Испраќање на ажурирани POD статуси 
Скенирање на бар кодови преку паметен телефон
Резервен систем за отсуство при одмор

Еве како функционира: Нашите возачи и превозници ги добиваат деталите за нарачката преку е-меил или СМС, 
кои потоа се превземаат во нашата апликација. Нашите возачи и превозници можат да ја користат апликацијата 
за скенирање на бар кодови и да го постават статусот на испораката. 
Огромна предност е можноста за фотографирање, така што документите за испорака, повратната стока, 
оштетената стока или товарните листови може да се зачуваат во апликацијата. 
Размената на палети исто така може да биде документирана во апликацијата. 
Последно, но не и најмалку важно, му се дава можност на клиентот да го потпише приемот на стоката 
со што се финализира процесот на нарачка.

Апликацијата "Quehenberger Loads" служи како добар пример за тоа како дигитализацијата може да ги оптимизира процесите 
и на крај да заштеди и трошоци и време.
 

Klaus Hrazdira
Company Spokesman