Индустриски решенија за автомобилската индустрија.

Автомобислка индустрија ориентирана кон иднината

Ние го зборуваме вашиот јазик кога станува збор за сеопфатни решенија прилагодени на специфичните потреби на автомобилската индустрија.

Брза достава со Quehenberger

Just-in-time достава, снабдување на производството или менаџирање на залихи – ние им нудиме на нашите клиенти добро осмислен, професионален пакет за целосна услуга вклучувајќи сѐ од логистиката за набавки до снабдување на производството и отстранување, складиштување и резервна логистика.

Ова се придобивките на нашите клиенти во автомобилската индустрија

  • Долгогодишна експертиза во автомобилската индустрија
  • Експанзивни, силни дистрибутивни мрежи
  • Интелигентен менаџмент (специфични рути, ориентирани кон клиенот)
  • Најмодерен возен парк
  • Центар за анализа на гравитацијата
  • Едно лице за контакт 
  • 88 локации во 15 земји низ Централна и Источна Европа
Сертификати

Индивидуални решенија за автомобилската логистика

Quehenberger Logistics има силно присуство со комплетни и збирни транспорти ширум Европа, што е голема предност за нашите клиенти од автомобилската индустрија. Без разлика дали користиме сопствена флота, доверливи транспортни партнери или комбинација од двете – зависи од вашите специфични потреби. Впрочем, нашите решенија се индивидуални како и вашите производи!

Нашите решенија по мерка за комплетни транспорти вклучуваат:

  • Стандардна и специјална опрема
  • Мега возила
  • Најсовремен возен парк
  • Долгогодишни, доверливи партнери

Нашите услуги во оваа област вклучуваат интелигентно управување со комплетни и збирни камиони и мрежни решенија, како и професионални анализи од центарот за анализа на гравитацијата. Дополнително, нашиот тим го презема менаџментот и поставувањето на  crossdock платформите како и JIT и JIS дистрибуција до производствените локации.

Во однос на спецификите на автомобилската индустрија, ги нудиме следните производствени логистички услуги:

Нашите услуги за автомобилската индустрија се многу повеќе од навремена и сигурна испорака на вашата стока. Ние исто така нудиме голем број на индивидуални резервни решенија за нашите клиенти, почнувајќи од професионални складишта до добро осмислени услуги со додадена вредност и кориснички концепти за дистрибуција за вашите клиенти.

Меѓу другото, нашите услуги вклучуваат:

  • Складирање 
  • Подигање на нарачки
  • Пакување
  • Дистрибуција (24/7)
  • Услуги во ист ден
  • Услуги со додадена вредност

Силна мрежа

Австрија, Германија, Романија, Русија или Хрватска - со Quehenberger Logistics, може да сметате на силна меѓународна мрежа во 15 земји. Со 88 локации и 750.600 метри квадратни магацински простор, ние нудиме широки услуги за нашите клиенти.

Ви требаат подетални информации во врска со автомобилската индустрија? Јавете ни се или испратете ни е-маил! Ние со задоволство ќе ве информираме.