Вработениот работи во магацин со кула од наредени гуми. Вработениот работи во магацин со кула од наредени гуми.
Индустриски решенија за индустријата за гуми.

Добро осмислена логистика за гуми

Професионалната логистика на гуми бара високо ниво на прецизност, координација и флексибилност – затоа што индустријата се карактеризира со големи промени на волуменот. Сезонската променливост, дистрибуцијата и складирањето на гумите претставуваат голем предизвик во логистиката.

"Заокружен" концепт

Како еден од водечките провајдери во оваа област, Quehenberger Logistics го покачува нивото на индивидуални решенија. Нашата цел: да ви понудиме најдобро и најекономично решение за вашите барања, без оглед на зададените временски рамки. Долгогодишното искуство и широките познавања во оваа област нѐ прават компетентен партнер на меѓународните производители на пневматици и мотори. 

Во областа на логистиката на гумите, нашите услуги опфаќаат логистика на компетентна набавка, производство, складирање и дистрибуција до контрола на квалитет, услуги во истиот ден и индивидуални услуги со додадена вредност.

Еве ги придобивките за нашите клиенти логистиката за гуми

  • Флексибилно менаџирање на промените во волуменот 
  • Синергии од консолидацијата на разни брендови на гуми 
  • Долгогодишна експертиза и сеопфатно стручно знаење
  • Прилагодени пакет решенија 
  • Голема магацинска мрежа со локации во Централна и Источна Европа
Сертификати

Индивидуални решенија за логистиката за гуми

Безбедно и професионално – Quehenberger Logistics нуди оптимални услови за складирање на вашите гуми. Тимот менаџира различни брендови и специфични барања на различни производи.

За складиштување на гуми ние ви обезбедуваме: 

  • Регален и блок лагер
  • флексибилни решенија за складирање
  • Можни доцни времиња за складирање
  • Автоматски процеси за утовар и истовар 
  • Следење на сериски броеви 

Директна достава со комплетни и збирни возила, достава во истиот ден, Тrack & Тrace или дистрибуција со нашата мрежа за гуми – со сеопфатни транспортни услуги од Quehenberger Logistics, придобивате од сигурната, безбедна и компетентна дистрибуција. 

Во зависност од специфичните барања, ние обезбедуваме:

  • Локални и експресни услуги за помали количини 
  • Дистрибуција преку шпедитерска мрежа, како и директни 
  • Онлајн следење 
  • Гарантирано време на испорака (на пример, преку 24-часовен сервис) 
  • по барање: испорака во ист ден

Покрај професионалната дистрибуција и складирањето на гуми, нудиме и повеќе услуги со додадена вредност. Така можете целосно да се концентрирате на вашиот основен бизнис, а ние ќе се погрижиме за останатото! 

Нашите услуги со додадена вредност вклучуваат: 

  • DOT менаџмент
  • Монтажа на пневматици со целосна услуга
  • Зимски гуми
  • Етикетирање специфично за клиентите 
  • Менаџмент на поврат

Силна мрежа

Австрија, Германија, Романија, Русија или Хрватска – со Quehenberger Logistics, може да сметате на силна, меѓународна мрежа во 15 земји. Со 88 локации и 750.600 метри квадратни складиштен простор ние нудиме бројни услуги наменети за нашите клиенти.

Нашите експерти од областа на логистиката за гуми со задоволство работат на креирање на индивидуално решение за вас во оваа област. Јавете ни се или испратете ни е-маил. Ние со задоволство би ве посоветувале.