Со здружени сили: тим & менаџмент
Логистиката е нашата страст
Затоа се посветуваме на исполнување на Вашите барања – ги знаеме проблемите и предизвиците со кои се соочуваат нашите клиенти. Токму одовде извира нашата страст за услугата во Quehenberger Logistics: Врз основа на нашето обемно знаење во индустријата, развиваме прилагодени и индивидуални транспортни и логистички решенија. И сето тоа лично, доверливо и компетентно.
Секој ден работиме заедно на нашата визија да бидеме најдобра средна логистичка компанија во Централна и Источна Европа. Убедени во квалитетот на нашите услуги, неспоредливи во ефикасноста и со ниво на профитабилност што ја обезбедува нашата иднина.
„Нашата возбуда за логистиката и услугите, како и довербата ‘стекната со ракување’ се најважните атрибути на нашето размислување и делување.“
Тим
Oколу 5000 вработени секојдневно работат на `насмевката на нашите клиенти` – на 69 локации во 11 различни земји. Надвор од границите, нашите експерти прават сѐ што е во нивна моќ за да ги развијат најдобрите можни решенија за Вашите барања и да ги спроведат непречено.
За долгорочно да ја осигураме силата и динамиката на нашиот тим, инвестираме во позитивна работна клима. Покрај бројните можности за обука и развој, ние исто така нудиме иновативни работни места, атрактивни решенија за работно време и современи системи за наградување. Ова го надополнуваме со: редовни настани во компанијата, тим билдинг ангажмани и нашиот годишен меѓународен Quehenberger Logistics фудбилски турнир.
„Само оние кои работат флексибилно и ефикасно може да го остварат најдобриот можен приход за себе и за компанијата.“
Менаџмент
Хоризонтални хиерархии, процеси на брзо донесување одлуки и чувствителност за она што навистина е важно: вака функционира извршниот одбор на Quehenberger Logistics. Менаџментот е силно вклучен во корпоративната структура и сопствениците се активно вклучени во работењето на компанијата како рамноправни партнери.
„Во Quehenberger придаваме големо значење на поедноставување на сите логистички процеси во комплетниот синџир на набавки, но истовремено и детализираме – оваа опција овозможува одржлив квалитет и заштедува!“