Авион лета во воздухот помеѓу две високи кули. Авион лета во воздухот помеѓу две високи кули.
Прецизност во воздух.

Логистички решенија за авионски транспорт

За превоз на стоки на долги растојанија, потребни се точни решенија за интерконтинентален транспорт.

Авионски пратки низ целиот свет

Без разлика дали се работи за стандардна пратка, збирен транспорт, приоритетен термински транспорт или за нашите индустриски решенија – нашите експерти за авионски транспорт имаат вистинско логистичко решение за Вас.

Вие имате корист од брзи и сигурни “врата до врата” решенија преку нашата глобална мрежа. Покрај тоа, постојат прилагодени транспортни концепти за индивидуални потреби и царински услуги, кои обезбедуваат едноставен и сигурен транспортен процес. Размислувајќи глобално и со највисоко ниво на квалитет.

Индувидуални решенија за авионски пратки

  • претовар на аеродроми
  • збирен транспорт од и кон сите важни аеродроми  ширум светот
  • индивидуална проектна логистика 
  • концепти за интермодален транспорт 
  • манипулација со опасна стока 
  • интегрирано царинење 
  • On-Board-Courier услуга
  • врата-до-врата услуга
  • 24/7 поддршка во глобална мрежа од специјалисти за авионски транспорт 

Вашата предност е очигледна: за нашите клиенти како решение за производот авионски транспорт обезбедуваме систематска проверка на логистичкиот процес. Доколку постои промена или потенцијал за подобрување, нашите специјалисти се грижат за тоа на терен. Секогаш имате исто лице за контакт, во смисла на "single point of contact". Ова ќе ви даде нови концепти со пократки транзитни времиња и оптимизирани  транспортни трошоци. Побрзо, подобро, поедноставно!

Нашиот професионален, динамичен тим гарантира непречен процес на повеќе од 16 локации на Quehenberger во Централна и Источна Европа. Со нашата сигурна глобална мрежа, обезбедуваме целосна покриеност на сите континенти на повеќе од 250 локации ширум светот.

Сертификати

Aвионски услуги Q Air на едно место:

Tранспортите на осетлива стока  се во сигурни раце  со нашите авионски карго сервиси. Најсовремени ИТ решенија, најдобро обучени експерти за авионски транспорт и оптимални услови обезбедуваат сигурен транспорт и непречени процеси.

Дури  и ако нешто треба да се заврши побрзо или ако треба да се транспортираат особено осетливи специјални производи,  нашиот производ авионски транспорт  ги исполнува Вашитe различни барања.

Ако Вашиот транспорт не е термински поврзан и може да се комбинира со други пратки како збирен транспорт, Q Air Basic Ви нуди решение. Транспортот на стандардната пратка, независно од големината и тежината,  ќе се реши брзо и сигурно.

Вашите производи мораат да пристигнат брзо од едно место на друго? Со индивидуални решенија на директните летови ќе се погрижи нашиот експертски тим со Q Air Fast за термински обврзаните транспорти на Вашите производи.

Со решението на Q Air Red се решаваат посебно термински критичните транспорти. Оваа варијанта се користи првенствено кога испораките се краткорочни и кои се под термински притисок и за клиентите. Со овој експресен производ  се става на располагање краткорочен простор за транспорт и со него може да се постигне најкраткото време за транзит.

Нашите искусни логистички експерти ви нудат бројни решенија за превоз на специјални производи. Ова значи дека особено осетливите производи со контрола на температура или опасна стока може да бидат однесени брзо и безбедно. 

  • Q Air Pharma: компатибилен, температурно контролиран транспортен процес помеѓу -20 степени и +20 степени Целзиусови.
  • Q Air Fresh: Температурите за време на целокупниот транспортен процес се прилагодени на специјалните барања  за транспорт на расиплива стока.
  • Q Air Aerospace: 24/7 поддршка во глобална мрежа од специјалисти за авионски транспорт.
  • Q Air Care: Со ова решение се реализира транспорт на опасна стока. Дополнително нашиот обучен персонал ја поддржува имплементацијата на IATA еднакво пакување и издавање на документи.
  • Q Air Safe: Со специјалното решение Q Air Safe се складираат особено вредни стоки во исклучително  обезбедени области и под највисоки мерки на претпазливост.

Поглед во нашата секојдневна работа

Ви требаат подетални информации за поединечните производи за авионски превоз? Јавете ни се или испратете ни маил. Со задоволство би договориле и лична средба со Вас.