Сеопфатна логистика на гуми.

Складирање и дистрибуција на гуми во пракса

Нашиот клиент е една од најголемите компании за гуми во светот. Индустрискиот гигант е клиент на Quehenberger Logistics во Русија од 2011 година, а од 2016 година ги извршуваме и интернационалните транспорти за бизнисите во Централна и Источна Европа. Тимот на Quehenberger Logistics е одговорен за складирањето и дистрибуцијата во шест земји за италијанскиот производител на гуми. Без разлика дали во Австрија, Чешка, Унгарија, Словачка, Словенија или Хрватска – централната обработка се одвива преку нашиот склад во Сенец, Словачка.

Од професионалци за професионалци

Постојат добри причини за одлуката на производителот на гуми да соработува со Quehenberger Logistics. Како долгогодишен деловен партнер, Pirelli веќе беше во можност детално да се убеди во сеопфатното знаење и апсолутната сигурност на тимот на Quehenberger.

Работата со гуми е вистинско задоволство за нас – ова го докажуваат нашите вработени, кои секој ден со најголемо внимание работат со овој чувствителен производ. Внимателен истовар и товарење на пратките, професионално складирање, најточни проверки на квалитетот: тимот на Quehenberger Logistics ја докажува својата експертиза при работата со гуми, како и апсолутното разбирање за квалитетот на гумите. 
 

Друг Quehenberger-плус: директно присуство во земјите. Како локални специјалисти, нашите вработени на  интернационалните локации  даваат поддршка со стручно знаење и искуство. 

Во секојдневна акција за индустријата за гуми

Складирање или дистрибуција – во нашите секојдневни активности се грижиме за испорака на гумите во вистинско време и на вистинската дестинација. Поради екстремно сезонските шпицеви, што ја карактеризираат оваа индустрија, ова понекогаш може да биде голем предизвик. 

Благодарение на долгогодишната експертиза и деталното познавање на индустријата нашите вработени точно знаат како да обезбедат непречено одвивање на испораката на гуми од производствените капацитети до дистрибуцијата со  LTL-/FTL-транспорти  и преку нашата  Поврзување на индустриите.

Сигурно партнерство

Навремена испорака, експертиза и познавање на индустријата– тоа е она што секој клиент може да го очекува од секојдневната соработка со Quehenberger Logistics. Покрај тоа, располагаме со специјални ИТ-решенија за индустријата за гуми, доцни Cutoff-времиња и сигурна 24-часовна услуга – идеални услови за успешно логистичко партнерство!

Ние одвојуваме време и слушаме!

Сакате да бидете како познатиот специјалист за гуми и да имате корист од познавањето на индустријата на Quehenberger Logistics? Договорете термин со нас – ние ќе се погрижиме за Вашето индивидуално барање!