Царински услуги
Неограничена услуга во сите царински постапки
Комплексни формалности и документација, документи за испорака , прописи при увоз: пратките од трети земји обично подразбираат значителни напори и тешкотии за компаниите. Пратката поминува низ бројни контролни пунктови и безбедносни зони во интернационалниот транзит. Дополнително, при царинската постапка често се потребни значителен број на сертификати и документи.
За да се намали обемот на работа во оваа област царинската услуга на Quehenberger Logistics нуди сеопфатно решение. Нашите експерти во Централна и Источна Европа располагаат со стручно знаење за во врска со сите царински постапки и брзо и сигурно ги решаваат сите важни прашања поврзани со царинската постапка во Ваше име.
Флексибилни пакети за решенија: Решенија за транспорт и услуги за царинење– користете ги прилагодените царински услуги на Quehenberger Logistics!
оради ова клиентите се потпираат на нашите царински услуги
- долгогодишно искуство
- флексибилност
- партнерства базирани на доверба
- поддршка на клиентите и можности за консултации
- силно присуство во Централна и Источна Европа
- услуги за царинење во целиот свет
Сигурен партнер: Сеопфатна компетентност и висок безбедносен стандард не квалификуваат како доверлив деловен партнер.
Сеопфатни царински и надворешно-трговски услуги
Откако пратката ќе ја премине националната граница потребни се низа царински формалности и документација. Нашиот тим на експерти во Quehenberger Logistics ги следи сите важни правила за Вас и компетентно и веродостојно ги обработува Вашите меѓународни пратки.
Ова не вклучува само целосно царинење на акцизни стоки заедно со складишта за акцизна стока преку EMCS, туку и употреба на NCTS (нов компјутерски транзитен систем), E-царина (Австрија) и Atlas (Германија).
Доколку е потребно, можеме да ги застапуваме нашите клиенти како овластен потписник (претставник на компанијат) во царинските процедури. Доверете се на нас!
Изберете од нашите многубројни Q Customs царински услуги
- царински формалности за сите видови на царински постапки
- сите видови транзитни постапки , вклучувајќи T1, T2 и C-TIR
- фискална застапеност
- привремен увоз или извоз (Carnet ATA)
- лон-доработка активна/пасивна
- постапка за царинско складирање
- постапка при локално царинење
- процедура за враќање на извоз
- завршување на интрастатски извештаи
- поединечно или CC-одобрение (Centralised Clearance)
- поддршка за апликациите за AEO и процедури за сертификација
- поддршка при ревизии на компании царинска/даночна
Ви требаат подетални информации за поединечни царински услуги ? Со задоволство ќе Ве информираме за нашите понуди во личен разговор или во рамките на нашата понуда како информативен контекст.