Колаж од различни транспорт-опции на Quehenberger Logistics. Колаж од различни транспорт-опции на Quehenberger Logistics.
Во близина на Вашиот бизнис.

Quehenberger Logistics

Прилагодени решенија со највисоко ниво на квалитет и ефикасност – ова го означува името на Quehenberger Logistics. Како логистичкиот провајдер со целосна услуга ги импресионираме нашите клиенти со лична поддршка, како и сеопфатно Know-how, потпирајќи се на актуелната модернизација, дигитализација и иновација.

Квалитет и култура на компанија со средна големина

Како интернационална компанија со седиште во  Штрасвалхен, во близина на Салцбург, нашето присуство е фокусирано првенствено во Централна и Источна Европа. Благодарение на мрежни центри и складови во 11 земји на нашите клиенти им нудиме инфраструктура со високи перформанси. Покрај тоа, соработуваме со избрани меѓународни партнери кои го застапуваат нашиот висок стандард за квалитет. Така можеме да им обезбедиме на нашите клиенти сеопфатни, интегрирани решенија во целокупниот синџир на снабдување за различни индустрии.

Наше ветување

  • лична и индивидуална поддршка за клиентите (Single point of contact)
  • прилагодени и индивидуални решенија за клиентите
  • фокус на квалитет и ефикасност 
  • доверливост
  • моќна инфраструктура со високи перформанси благодарение на нашите  сопствени локации 
  • соработка со избрани партнери со заеднички стандарди за квалитет 
  • компетентни вработени
  • брзи процеси на донесување одлуки

Наша филозофија

„Услугите се извршуваат од луѓе – затоа луѓето се во центарот на нашето внимание.“
Christian Fürstaller, CEO & Managing Partner

Овој пристап Quehenberger Logistics го практикува во секојдневните активности.  Бидејќи како компанија со средна големина, во приватна сопственост личниот контакт и довербата со напшите клиенти се од најголема важност за нас.

Ова се однесува на сите форми на соработка во рамките на нашата  организација, но исто така и на односите со нашите партнери и клиенти. „Работиме со и за нашите клиенти“ – ова го следиме во се што правиме. Овде е вклучена  и брзата и флексибилна реакција. Блискоста со нашите клиенти е главен дел од нашата филозофија, особено во нашата улога како интернационален логистички провајдер. 

Наша визија:

Да бидеме  најдобра логистичка компанија со средна големина во Централна и Источна Европа со најкомпетентни вработени. Со докажан квалитет на нашите услуги, неспоредливи во ефикасноста и со профитабилност што ја обезбедува иднината на компанијата.

Иднината на индустријата: Дигитализација на синџирот на снабдување

Голем град со мрежа од линии од птичја перспектива.

За да станеме уште поефикасни си поставивме цел: Quehenberger оди дигитално! Чекор по чекор ги автоматизираме и дигитализираме нашите процеси на сите нивоа. Првите успеси веќе се покажуваат во областите на FTL/LTL преку забрзана диспозиција на пратки и делумно автоматизиран процес на транспортни налози.

Ова сакаме да го постигнеме со дигитализацијата

  • целосна дигитална поврзаност со клиентите и партнерите
  • зголемување на продуктивноста преку рационализирање на процесите  и мерење на нивната ефикасност
  • зголемена ефикасност преку автоматизација на основните активности  
  • зголемување на квалитетот преку предвидување и планирање 

Сакате да дознаете повеќе за темата дигитализација и за другите иновации во нашата компанија? Откријте интересни факти за одржливост и животна средина како и за квалитет и иновации во Quehenberger Logistics!