Нашето специјално решение за авионски транспорт
Со Q Air Aerospace Quehenberger Logistics нуди токму такво решение. Специјално дизајниран за авионската индустрија, овој производ за авионски транспорт нуди авионски линии и оптимални можности за брза и флексибилна испорака на пратки насекаде во светот.
Со Q Air Aerospace нашите клиенти имаат корист од:
- индивидуални решенија
- Routine, Critical и AOG Services
- глобална мрежа од специјалисти за авионски транспорт
- интегрирани царински услуги
- единствено лице за контакт (Single point of contact)
- целосна транспарентност
- брза реакција во случај на промена на околностите.
Персонализирани услуги за авионската индустрија

За да ги задоволиме посебните барања на оваа комплексна индустрија, креиравме производ со апсолутен квалитет, голема флексибилност и индивидуалност.
AOG-пратките (Aircraft on Ground) се пратки со највисок приоритет, како што е замена на итно потребен резервен дел на авион.
На пат со Aircraft on Ground (AOG)
Во пракса, на пример, едно од можните сценарија за нашиот специјален производ за авионски транспорт е како што следува: Во Виена итно е потребен резервен дел за авион, кој треба да се донесе од Париз.
Времетраење на испорака: три часа.
Ние одвојуваме време за Вас и слушаме!
Барате специјално решение за авионски транспорт на Вашите пратки? Со нашите Q Air перформанси Ви нудиме комплетна услуга во комбинација со сеопфатно Know-how за индустријата. Уверете се сами!