Камион со отворена рампа за време на процесот на истовар пред магацинот. Камион со отворена рампа за време на процесот на истовар пред магацинот.
Индустриски решенија за малопродажба.

Прилагодена логистика за малопродажба

Навремено снабдување на малопродажните продавници со интелигентни концепти, решенија за складирање на пратки и индивидуални дополнителни услуги со додадена вредност.

На време и подготвени за продажба во продавниците

Во логистиката за малопродажба од најголема важност е комплетното и навремено снабдување на продажните места. За ова се потребни интелигентни транспортни концепти, индивидуални решенија за складирање и индивидуални услуги со додадена вредност. Со малопродажни & дистрибутивни мрежи, како и регионални центри за претовар на стоки во оваа област нудиме индивидуални и оптимизирани решенија.

Ова се придобивките за нашите клиенти во областа на логистика за малопродажба

  • долгогодишно искуство во малопродажба
  • безбедност и синергија со комплетен провајдер на решенија
  • интелигентен транспорт менаџмент (индивидуални и поврзани испораки) 
  • европски  мрежи преку сопствени локации во Централна и Источна Европа и ексклузивни партнерства  
  • најсовремени  ИТ-системи за оптимално планирање на транспорти 
  • POD-скенирање
  • менаџмент на празна амбалажа
  • менаџмент на поврат
  • директно лице за контакт (Single point of contact)

„Во нашите основни индустрии се потпираме на сеопфатна експертиза, индивидуални решенија и единствено лице за контакт за нашите клиенти. Во малопродажниот сектор нудиме докажани решенија, професионални транспортни концепти и навремена испорака на стоки.  Покрај тоа, нудиме индивидуални транспортни концепти или комбинирани мрежни решенија за испораки.“
Christian Fürstaller, CEO & Managing Partner

Сертификати

Индивидуални решенија за малопродажба

индивидуални транспортни концепти овозможуваат запазување на фиксни термини на испорака.Како дел од нашата филијална и транспортна логистика нудиме различни услуги и предности:

  • испорака до продавници за малопродажба во градски центри, трговски центри и специјализирани пазари за малопродажба 
  • директна достава на производите до продажните места
  • компетентни вработени, кои се обучени за работа со Shop-персонал и кои се запознаени со локалните околности  
  • временска испорака според упатство
  • точност во однос на временски рокови за испорака
  • ракување со разни видови пакувања (картонски кутии, колички, палети итн.)
  • биланс на сезонски флуктуации преку употреба на сопствена флота на возила и достапност на вработени 
  • обработка на поврат
  • Shop-to-Shop-испорака
  • поддршка на филијали преку централна служба за корисници
  • евалуација на квалитет и показатели за успешност

Ние им нудиме на нашите клиенти соодветни простори за складирање, како и безбедно чување и товарење на пратките. Дали складирање или  Cross-Docking, во нашите складови безбедно и соодветно управуваме со Shop-опрема и продажни материјали.  

Прилагодени складишни решенија:

  • централен или регионален склад
  • складирање во регал-системи (палети, кутии) или на закачалка
  • Cross-Docking
  • консолидација на целиот проток на стоки од централен склад и од добавувачи
  • комисионирање по филијали

Услугите со додадена вредност прилагодени на индувидуалните потреби нудат индивидуални предности. Од етикетирање, специфично за секоја земја преку управување со повратни средства ширум Европа до соодветно отстранување на отпад, нашите услуги ги вклучуваат следните точки:

  • означување и етикетирање специфично за земјата
  • етикетирање на цени
  • производство на дисплеи
  • квалитативна контрола
  • поправки
  • менаџмент на повратни средства
  • управување со средства за утовар
  • отстранување на картонска амбалажа
     

Силна мрежа

Дали Австрија, Германија, Романија или Хрватска  – со Quehenberger Logistics се потпирате на силна, интернационална мрежа во 11 земји. Со 69 локации и 800.000 квадратни метри простор за складирање нудиме услуга на национално ниво во близина на клиентите. 

Ви требаат подетални информации од областа на малопродажба? Јавете ни се или испратете ни е-маил. Со задоволство ќе Ве информираме!