Augustin Quehenberger Group напишано на сива позадина. Augustin Quehenberger Group напишано на сива позадина.
Логистиката е наша компетентност.

Augustin Quehenberger Group

AUGUSTIN QUEHENBERGER GROUP е холдинг-компанија за стратешко и оперативно управување со логистички компании ориентирани кон квалитет. Компанијата со седиште во Штрасвалхен, во близина на Салцбург управува со брендот Quehenberger Logistics. Quehenberger Logistics е меѓународен логистички давател на целосна услуга со оптимално координирано портфолио на производи. Компанијата со сопствени локации се фокусира на Централна и Источна Европа и обезбедува сеопфатни, интегрирани решенија за синџирот на снабдување за избрани индустрии.

Логистика со највисоки стандарди за квалитет

Групацијата ги нуди сите предности на средна компанија во комбинација со Know-how и експертиза на една голема корпорација.

Нашите тројца сопственици се залагаат за

  • висококвалификувани и обучени вработени
  • меѓународен и искусен менаџерски тим 
  • флексибилност
  • брзи процеси на донесување одлуки
  • доверливост
  • активна интеграција и присуство на Извршниот одбор во секојдневниот бизнис на компанијата  

Спектар на услуги што ги нуди AUGUSTIN QUEHENBERGER GROUP

Колаж од различни транспорт-опции на Quehenberger Logistics.

Логистичката компанија е активна на 69 локации во 11 земји во Централна и Источна Европа и е специјализирана за сеопфатни, најсовремени логистички решенија. Од транспорт менаџмент до индивидуална мрежа, договорна логистика и индустриски решенија – ние ги прилагодуваме нашите услуги на Вашите потреби!

Дознајте повеќе за услугите и клучните индустриски решенија во Quehenberger Logistics!

Членства