Вработените преземаат пакет за достава. Вработените преземаат пакет за достава.
Долгорочни партнерства.

Договорна логистика

Со договорната логистика имате придобивка од нашето широко портфолио на услуги како провајдер на целосна услуга. Ваша предност? Беспрекорна соработка со професионален партнер и индивидуални логистички решенија кои одговараат на Вашите барања.

Комплетна услуга со додадена вредност

За максимална ефикасност и квалитет во областа на логистиката сите детали мораат совршено да се вклопат. Покрај сеопфатно Know-how потребна е блиска и доверлива соработка помеѓу сите вклучени партнери. Ова е особено важно за договорната логистика, која покрај стандарните логистички активности вклучува и разни други услуги.  

Ваша додадена вредност: Со нашите услуги го опфаќаме целиот синџир на набавки и на тој начин обезбедуваме целосен пакет на услуги. Покрај тоа, како наш клиент, од првото Ваше барање до спроведување на проектот  имате само едно лице за контакт (Single point of contact).

Договорна логистика на Quehenberger

Со услугите на Quehenberger Logistics имате корист од висок степен на флексибилност. Нашите индивидуални решенија во областа на договорната логистика не само што овозможуваат непречени процеси, туку и значајни конкурентни предности. 

Ваши предности во договорната логистика

  • кориснички решенија за целосна услуга
  • интернационално унифицирани стандарди за квалитет
  • сеопфатни логистички процеси, прилагодени на Вашите барања
  • поддршка на клиентите, од планирање до имплементација
  • професионално управување со проекти и ефикасно спроведување на проекти
Сертификати

Преглед на нашите услуги од договорна логистика:

Од преземање до испорака, Вашите производи се во сигурни раце со нас. Ова го обезбедува нашето оперативно знаење, како и брзата реакција на барањата на клиентите. Без разлика на тоа дали се решенија од синџирот на снабдување, услуги со додадена вредност или аутсорсинг решенија – Quehenberger Logistics е Ваш логистички партнер за сите барања. 

Во нашите логистички концепти складот зазема централна позиција во синџирот за набавка. Со нашите складови со високи перформанси ги покриваме за Вас сите фази на складирање, од краткорочно привремено складирање до комплетен аутсорсинг на логистика за складирање или производствена логистика.   

Набавка, складирање или дистрибуција – со нас ги добивате сите решенија и услуги од едно место. Врз основа на нашите  Supply Chain решенија заедно со Вас развиваме структуриран логистички концепт.  Најсовремени  ИТ-системи и следење на податоци овозможуваат беспрекорно следење на целокупниот процес. 

Сакате да ги оптимизирате Вашите процеси ? Ние нудиме широк спектар на дополнителни услуги за зголемување на ефикасноста на Вашата логистика. На Ваше барање ние меѓу останатото ќе се погрижиме и за:

  • управување со контејнери и празна амбалажа
  • етикетирање на цени
  • етикетирање специфично за земјата
  • Retouren-менаџмент
  • завршна обработка
  • пред-монтажа

Ви требаат подетални информации за нашите услуги од  договорна логистика ? Јавете ни се или испратете ни е-маил. Со задоволство Ви стоиме на располагање за личен разговор.