Две возила на Quehenberger на патот. Две возила на Quehenberger на патот.
Право до дестинацијата.

Решенија за комплетен и збирен транспорт

Без разлика на тоа за кој вид стока или за која дестинација се работи – со Quehenberger Logistics, вашата стока е безбедно, брзо и сигурно транспортирана. Со прилагодени решенија во комлетниот и збирниот транспорт Вие добивате совршен пакет за вашите барања.

Сигурни и навремени директни транспорти

Прилагодени решенија за комплетен и збирен транспорт за вашите барања? Нашите искусни и компетентни колеги обезбедуваат непречено одвивање на овие процеси со нивноте темелни познавања за индустријата во регионот. Ние наоѓаме најекономичен начин за транспорт на вашата стока и овозможуваме нејзина професионална манипулација. Во центарот на нашите заложби секогаш се квалитетот и сигурноста. 

Дали со стандардните комплетни или пак со збирните утовари вашата стока со нашите Directктни услуги Q Direct стигнува безбедно и навремено до нивната крајна дестинација ширум Европа. Ние исто така овозможуваме соодветни решенија за покомплексни барања за транспорт и целосен аутсорсинг со нашите директни услуги Q Direct Solutions.

Вашите предности со компетниот и збирниот транспорт

  • Една од најновите и најнапредни камионски флоти во Европа
  • Тестирани, сигурни подизведувачи и транспортни партнери со повеќе од 1.500 камиони како дел од нашите фиксни чартер активности
  • Едно централно лице за контакт (единствен контакт) 
  • 69 локации во 11 земји
  • стандардизирани процеси
  • ИТ системи со високи перформанси
  • Глобална соработка и пристап до мрежи за собирање на решенија "се во едно"

Quehenberger станува дигитален: Кога станува збор за диспонирање сите знаци упатуваат на дигитализацијата! Вашиот бенефит: транспарентни процеси и уште повеќе кориснички производи низ целиот синџир на набавки, како и зголемена продуктивност благодарение на рационализираните и мерливи процеси. Новите иновативни софтверски решенија ни помагаат да ги илустрираме процесите на компанијата. Така, на крајот на денот, Вие како клиенти добивате уште поприлагодени решенија и нови производи. 

Станете превозник во Quehenberger

Како партнер за транспорт на Quehenberger Logistics профитирате од соработката со успешна логистичка компанија со долгогодишно искуство и современ пристап. Многубројни предности ве чекаат Вас и Вашите возачи.

Сертификати

Нашите услуги за комплетен и збирен транспорт на прв поглед:

Ние не нудиме нефлексибилни производи, туку создаваме нови концепти со одговарачки решенија за вашите индивидуални барања. Меѓу нив се стандардните директни комплетни и збирни транспорти како и покомплексните транспортни решенија , целосен аутсорсинг специфични услуги за разжлични производи. 

Комплетни / збирни транспорти 

Стандардни комплетни и збирни утовари – нашите експерти го наоѓаат најдобриот можен начин и најекоономичното решение. Еден битен податок: нашата флота брои повеќе од 230 возила како и многубројни сертифицирани транспорт партнери! 

Благодарение на нашите специјалисти во различни индустрии во различни индустрии и региони, вие имате придобивки од времето на испорака со нашите Q Direct сервиси. На овој начин ние на нашите клиенти можеме да им понудиме перфектно прилагодени решенија како и транспарентност низ целиот транспортен синџир преку Track & Trace и активното праќање на пораки. 

Комплексни транспортни решенија и целосен аутсорсинг 

Придобивки од нашето know-how! Ние со задоволство го споделуваме нашето одлично познавање на различните индустрии и регионални пазари со нашите клиенти – што значи компетентен консалтинг и поддршка која се однесува на комплексните транспортни решенија и целосен аутсорсинг. 

Затоа што знаеме: Стандардното решение не е секогаш доволно. Со нашите Q Direct Solutions решенија, ние можеме да ви понудиме перфектно решение за покомплексни производи или производни комбинации. Тоа ви дава можност и енергија да се да се фокусирате повеќе на вашите задачи, а ние ќе се погрижиме за останатото! 
 

Една од најнапредните транспортни флоти во Европа

Поставени се високи стандарди на изведување и менаџирање на транспортот како од логистички така и од технлошки аспект. Затоа сигурните возила и доверливите возачи се наши фундаментални предуслови. 

Нашата флота се истакнува во однос на безбедноста и технологијата: 

  • овеќе од 230 камиони од брендовите MAN, Mercedes-Benz и Volvo (просечна старост: 1,5 година)
  • Стандард за емисија на гасови: Еуро 6
  • Geo Fencing 
  • Беспрекорно следење преку  GPS 
  • Врвна технологија со систем за предупредување за напуштање на коловозна лента, адаптивна контрола на возењето, систем за сопирање во случај на опасност

Поглед во нашата секојдневна работа

Дали ви треба подетална информација за индивидуалните комплетни и збирни транспорти? Јавете ни се или пратете ни e-mail! Ние лично би сакале да ве посоветуваме.