Заедно на патот до успехот
Работејќи во Quehenberger
Можностите за кариера во Quehenberger Logistics се разновидни и возбудливи. Без разлика дали тоа е во транспорт менаџментот, развој на бизнисот, складирање или работа како возач – со нас, ќе работите се движат на голем план!
Барате нов предизвик? Тогаш треба да не запознаете и да ги откриете профилите за работа во нашата компанија!
Приказни за вработени во Quehenberger
Придобивки
Како вработен во Quehenberger Logistics, придобивате на повеќе начини. Покрај возбудливото работно место и работна средина имате низа придобивки кои чекаат на вас:
Фудбалски турнир на Quehenberger Logistics
Еднаш годишно се одржува големиот фудбалски турнир на Quehenberger Logistics. Страстните играчи и навивачи од 11 земји патуваат до Австрија за да бидат дел од натпреварот, да слават и да поминуваат време заедно со своите колеги.
Q Active – програма за преветивна здравствена заштита
"Постигнуваме повеќе заедно. Останете здрави. Забавувајте се". За да се осигураме дека нашите вработени остануваат здрави и во форма, спроведуваме разни мерки во врска со движењето, релаксацијата, исхраната и животната средина / безбедноста.
Составен дел од оваа политика се заедничките активности на вработените кои им овозможуваат да се запознаат едни со други и да бидат заедно надвор од работните обврски. Како дел од група, вработените можат брзо да научат нови спортови од колегите или надворешни тренери и истовремено да го развиваат својот тимски дух. Друг важен елемент за превентивна здравствена заштита во Quehenberger Logistics е: здрава исхрана - локално и органско снабдување!
Процес на аплицирање во Quehenberger
Дали би сакале да станете член на тимот на Quehenberger Logistics и да допринесете со своите знаења и вештини? Ние со задоволство ја очекуваме вашата апликација! Погледнето го нашиот портал за кариера! Тоа е местото каде што можете да ги најдете работни места во различни области на компанијата. Доколку нема отворено работни место кое вам ви одговара, пратете ни иновативна апликација!
Совети за вашата апликација
- Информирајте се за компанијата
- Вложете поголем напор за да креирате информативно CV.
- Наведете ги вашите експертизи во CV-то.
- Кажете ни зошто сте вистинската личност за оваа работа.
- Прикачете ги сите релевантни сертификати и препораки.
- Обрнете внимание на деталите: правилен правопис, униформираност и добро структурирани папки во PDF формат се суштински за секоја апликација!