Privacy Statement

Политика на приватност

Состојба: 04/2019

Одредба за заштита на податоците

Вашата приватност ни е особено важна. Подолу ќе ве информираме кои лични податоци ги собираме, како се користат податоците, кому му се пренесуваат и кои права ги имате во врска со користењето на податоците. Освен тоа. ќе дознаете кои мерки се спроведуваат за заштита на податоците и како можете да контактирате со нас во случај на прашања за заштита на податоците.

Одговорна за заштита на податоците е AUGUSTIN QUEHENBERGER GROUP GMBH (во понатамошниот контекст наречена AQG)

AUGUSTIN QUEHENBERGER GROUP GMBH
Gewerbegebiet Nord 5
5204 Straßwalchen
AUSTRIA

или претпријатието што е поврзано со неа, засегнато со прашањето.

Како Службеник за заштита на податоците, ваше лице за контакт за прашања за заштитата на податоците е

Martina Rettenbacher

AUGUSTIN QUEHENBERGER GROUP GMBH
Gewerbegebiet Nord 5
5204 Straßwalchen
AUSTRIA
datenschutz@quehenberger.com или dataprotection@quehenberger.com

Доколку имате прашања, грижи или поплаки во врска со Напомената за заштита на податоците или со ракувањето со вашите податоци, ве молиме контактирајте со службеникот за заштита на податоците Martina Rettenbacher.

Степенот на обработка на личните податоци зависи од различни фактори, како што се услугите што ги користите, услугите што ние ви ги ставаме на располагање, а вие ги користите, природата и степенот на деловниот однос со вас итн.

Под лични податоци се подразбираат податоци што овозможуваат донесување заклучоци за вашата личност. Тука, пред сè, се вбројуваат личните податоци (име, адреса, датум на раѓање, податоци за контакт итн.) или податоци за легитимирање, како што се лични документи.

Личните податоци може да се собираат автоматски преку посетата на нашата веб-локација. Детали во врска со ова може да најдете под Посета/користење на нашата веб-локација.

Се обработуваат и таквите податоци што ни ги соопштувате кога

Покрај тоа, може да добиваме податоци од јавно достапни извори (на пр. деловниот регистар, катастарот) или од трети страни, како на пример преку деловните партнери, нашите поврзани претпријатија, во рамките на преговорите за договорот или исполнувањата на договорот.

Ако сте примиле или внеле податоци за пристап, кориснички лозинки и лозинки, самите ќе бидете одговорни за чување и доверливост на овие податоци.

Ги обработуваме личните податоци само како што е потребно и исклучиво во согласност со важечките законски одредби, особено со Општата регулатива за заштита на податоците (DSGVO), како и националните закони за заштита на податоците. Личните податоци ќе бидат обработени од нас само за извршување на преддоговорните мерки, исполнување на договорите и другите деловни интереси или обврски и само до степен до кој постои правна основа за обработка, особено за

  • исполнување на договорните обврски
  • исполнување на правните обврски
  • заштита на легитимните интереси

Доколку не постои правна основа, податоците ќе се обработуваат само како дел од вашата согласност. Со ефект за во иднина, во секое време имате право да ја отповикате вашата согласност за обработка на податоците. Отповикување е можно во секое време преку неформална е-пошта (datenschutz@quehenberger.com или dataprotection@quehenberger.com) исто така и по пошта (AUGUSTIN QUEHENBERGER GROUP GMBH, Datenschutz (Политика на приватност), Gewerbegebiet Nord 5, 5204 Straßwalchen, AUSTRIA).

Ако добиете билтен или учествувате во анкети на клиентите врз основа на вашата согласност, отповикувањето може да се изврши преку врската означена во е-поштата испратена до вас.

Личните податоци се даваат понатаму само до степен до кој е дозволено со закон и доколку е тоа неопходно за исполнување на договорот, за исполнување на законските обврски или за извршување на налогот или дури и ако сте заинтересирани за оглас за работа во некое од нашите претпријатија од групата.

Во рамките на претпријатието, само оние одделенија или вработени ќе ги добијат податоците што им се потребни за да го исполнат договорот, да ги исполнат законските обврски или да ги заштитат интересите. Ако некое претпријатие од групата ги исполнува овие задачи, вашите податоци ќе бидат испратени до тоа претпријатие. Во случај на проследување на претпријатие од групата надвор од Европската унија, ќе се погрижиме постојано да се одржуваат европските стандарди за безбедност на податоците. На пример, податоците може да се пренасочат надвор од Европската унија доколку аплицирате за работа во претпријатие од групата надвор од Европската унија или упатувате барања до таквите претпријатија.

Покрај тоа, овластените обработувачи на налози (на пр. операторите на центарот за податоци) ќе ги добијат вашите податоци доколку тие се потребни за да ги извршат нивните задачи. Сите обработувачи на налози (со други зборови, сервисни партнери што обработуваат податоци во наше име) ги обезбедуваат своите услуги во рамките на договорот во согласност со Одредбите за заштита на податоците што ги обврзуваат да ги третираат вашите податоци доверливо и да ги обработуваат само како дел од обезбедувањето услуги.

Wir übertragen oder verarbeiten Daten nur dann in Länder außerhalb der EU (Drittländer), wenn Sie dieser Verarbeitung zustimmen, dies gesetzlich vorgeschrieben ist oder vertraglich notwendig und in jedem Fall nur soweit dies generell erlaubt ist. Ihre Zustimmung ist in den meisten Fällen der wichtigste Grund, dass wir Daten in Drittländern verarbeiten lassen. Die Verarbeitung personenbezogener Daten in Drittländern wie den USA, wo viele Softwarehersteller Dienstleistungen anbieten und Ihre Serverstandorte haben, kann bedeuten, dass personenbezogene Daten auf unerwartete Weise verarbeitet und gespeichert werden.

Wir weisen ausdrücklich darauf hin, dass nach Meinung des Europäischen Gerichtshofs derzeit kein angemessenes Schutzniveau für den Datentransfer in die USA besteht. Die Datenverarbeitung durch US-Dienste (wie beispielsweise Google Analytics) kann dazu führen, dass gegebenenfalls Daten nicht anonymisiert verarbeitet und gespeichert werden. Ferner können gegebenenfalls US-amerikanische staatliche Behörden Zugriff auf einzelne Daten nehmen. Zudem kann es vorkommen, dass erhobene Daten mit Daten aus anderen Diensten desselben Anbieters, sofern Sie ein entsprechendes Nutzerkonto haben, verknüpft werden. Nach Möglichkeit versuchen wir Serverstandorte innerhalb der EU zu nutzen, sofern das angeboten wird.

Wir informieren Sie an den passenden Stellen dieser Datenschutzerklärung genauer über Datenübertragung in Drittländer, sofern diese zutrifft.

За да ги заштитиме вашите податоци, преземаме соодветни технички и организациски мерки што вашите податоци ги штитат од загуба, манипулација или дури и неовластен пристап. Овие мерки се секогаш прилагодени на соодветната состојба на техниката.

Вашите податоци ќе се чуваат само додека е потребно и во склад со законот, меѓу другото во рамките на обврските за чување што ни ги пропишува законот.

Во секое време можете да го спроведувате правото на информации или исправка и пренос на податоци, како и да побарате бришење или ограничување на обработката на вашите лични податоци. Дадената согласност за обработка на вашите лични податоци може да ја отповикате во секое време со ефект за во иднина. Сепак, законитоста на обработката на вашите лични податоци до отповикувањето не е засегната со отповикувањето.

Доколку сметате дека вашите лични податоци не се обработуваат согласно законот, ве молиме да стапите во контакт со нас. На datenschutz@quehenberger.com или dataprotection@quehenberger.com односно со писмо до AUGUSTIN QUEHENBERGER GROUP GMBH, Datenschutz (Политика на приватност), Gewerbegebiet Nord 5, 5204 Straßwalchen, AUSTRIA може да ги споделите вашите грижи со нас.

Вашите поплаки може да ги упатите и до австрискиот орган за заштита на податоци:

Österreichische Datenschutzbehörde
Barichgasse 40 - 42
1030 Wien
Телефон: +43 1 52152 0
Е-пошта: dsb@dsb.gv.at

Малолетните лица на возраст под 14 години не можат да дадат ефективна согласност за обработка на податоците, туку согласноста мора да ја даде законскиот старател. Доколку добиеме информации од деца под 14 години и дознаеме за тоа, веднаш ќе престанеме да ги обработуваме таквите податоци.

Во случај на потреба, го задржуваме правото за прилагодување на нашата Изјава за заштита на податоците. Актуелната верзија на Изјавата за заштита на податоците секогаш може да ја најдете на нашата веб-локација на www.quehenberger.com.

Кога обработуваме податоци?

Нашите веб-локации ги одржува AUGUSTIN QUEHENBERGER GROUP GMBH, со седиште во Gewergebiet Nord 5, 5204 Straßwalchen, АВСТРИЈА (во понатамошниот контекст наречена AQG). Во рамките на посетата и на користењето на нашите веб-локации, формулари и услуги, се собираат, обработуваат и складираат различни податоци.

Одговорен за обработката на податоците е:

AUGUSTIN QUEHENBERGER GROUP GMBH
Gewerbegebiet Nord 5
5204 Straßwalchen
AUSTRIA

1.1 Податоци за прегледувачот

Кога ја користите нашата веб-локација, нашите веб-сервери автоматски собираат и складираат информации што вашиот прегледувач ги пренесува до нас (Податоци за пристап / датотеки-дневници на серверот). Притоа станува збор за информации за

  • типот и верзијата на прегледувачот
  • користениот оперативен систем
  • УРЛ на упатувачот
  • името на домаќинот на компјутерот што пристапува (IP-адреса)
  • времето на барањето на серверот
  • пренесената количина податоци и пораката дали вчитувањето било успешно

По завршување на користењето, IP-адресите на корисниците се бришат или анонимизираат. При анонимизирање, IP-адресите се менуваат на тој начин што нема да може да му се доделат на лице што може да се идентификува со информациите што ни се достапни.

Податоците во таканаречените датотеки-дневници ги оценуваме во анонимизирана форма и исклучиво со цел да ја подобриме нашата веб-локација и да ја направиме полесна за користење, како и за побрзо наоѓање и отстранување на грешките. Освен тоа, тие се користат за управување со серверските капацитети, со цел достапност на соодветен обем на податоци во случај на потреба.

1.2 Следење на веб-локацијата – колачиња

Нашата веб-локација користи таканаречени колачиња. Притоа станува збор за мали текстуални датотеки што се зачувуваат на крајниот уред со помош на прегледувачот. Тие не предизвикуваат штета, туку служат за тоа нашиот веб-сервер да го препознае вашиот компјутер и да ви ја олесни навигацијата и употребливоста на нашата веб-локација.

Колачињата ги користиме за да ја направиме нашата веб-локација полесна за користење и да ви овозможиме оптимална посета на веб-локацијата. Некои колачиња остануваат складирани на крајниот уред сè додека не ги избришете.

Може да го поставите прегледувачот да ве извести пред да добиете колаче. Ова ви дава можност да одлучите дали ќе го прифатите колачето. Исто така може да го поставите прегледувачот и така што колачињата ќе се деактивираат. Сепак, во овој случај можно е некои од услугите на нашата веб-локација да не функционираат правилно. Понатамошни информации за колачињата што се користат на оваа веб-локација ќе најдете во нашата напомена за колачињата.

1.3 Следење на веб-локацијата – Google Analytics

Оваа веб-локација користи Google Analytics, услуга за веб-аналитика на Google Inc. („Google“). Google Analytics користи т.н. „колачиња“, текстуални датотеки што се складираат на вашиот компјутер и преку вас овозможуваат анализа на користењето на веб-локацијата. Информациите генерирани од колачето за вашето користење на оваа веб-локација по правило се пренесуваат на сервер на Google во САД и се складираат таму.

Google Analytics користиме само со активирано IP-анонимизирање. Тоа значи дека IP-адресата на корисникот ќе биде скратена од Google во рамките на земјите-членки на Европската унија или во други земји-членки од Договорот за Европската економска област. Само во исклучителни случаи IP-адресата ќе биде испратена до серверот на Google во САД и скратена таму.

Во име на операторот на оваа веб-локација, Google ќе ги користи овие информации за да го процени вашето користење на веб-локацијата, да состави извештаи за активноста на веб-локацијата и да обезбедува други услуги поврзани со активноста на веб-локацијата и користењето на интернет наспроти операторот на веб-локацијата. IP-адресата пренесена од вашиот прегледувач во рамките на Google Analytics нема да се спои со други податоци обезбедени од Google. Овие податоци се бришат по 26 месеци.

Можете да спречите складирање на колачињата со соодветно поставување на софтверот на пребарувачот; сепак, ви укажуваме дека во овој случај можеби нема да можете целосно да ги користите сите функции на оваа веб-локација. Покрај тоа, може да спречите собирање на податоците генерирани од колачето и поврзани со вашето користење на веб-локацијата (вклучувајќи ја и IP-адресата) на Google, како и обработка на овие податоци од страна на Google, така што на врската подолу (http://tools.google.com/dlpage/gaoptout?hl=en) ќе преземете и инсталирате достапен додаток за прегледувачот.
 
Понатамошни информации за Условите за користење и Заштитата на податоците ќе најдете на http://www.google.com/analytics/terms односно на https://policies.google.com.

 

1.4 Услуги за маркетинг и ремаркетинг на Google

Врз основа на легитимните интереси (односно, интересите за анализа, оптимизација и економично функционирање на нашата онлајн-понуда во смисла на член 6, пар. 1, подт. f. од DSGVO), ги користиме услугите за маркетинг и ремаркетинг („Услуги за маркетинг на Google“) на Google Inc. (1600 Amphitheatre Parkway, Mountain View, CA 94043, САД) („Google“).

Услугите за маркетинг на Google овозможуваат да ви се прикажуваат посоодветни реклами за нашата веб-страница или на нашата веб-страница, што значи рекламите би биле потенцијални интересни за вас како корисници. Ако на некој корисник му се прикаже реклама за некој производ, на пример, за којшто се интересирал на други веб-страници, тоа се нарекува „ремаркетинг“. За таа цел, кога корисниците ја отвораат нашата или други веб-страници на коишто се активни Услугите за маркетинг на Google, тогаш Google го активира својот код кој ги активира таканаречените (ре)маркетинг ознаки (форми на невидлива графика или кодови, наречени уште и „веб-ознаки“) коишто се вградени во веб-страниците. Со нивна помош, на уредот од корисниците се зачувуваат индивидуални колачиња, коишто претставуваат мали датотеки (наместо колачиња, може да бидат употребени и слични технологии). Колачињата може да се од различни домени, меѓу кои google.com, doubleclick.net, invitemedia.com, admeld.com, googlesyndication.com или googleadservices.com. Во таквите датотеки се запишуваат податоци, како тоа кои веб-страници ги посетувал еден корисник, за која содржина се интересирал и на која понуда кликнал, техничките информации за прелистувачот и оперативниот систем, веб-страниците од коишто корисникот бил преупатен, времето на посета како и други податоци за употребата на некоја онлајн-понуда. Исто така, се регистрира и IP адресата на корисникот, при што во контекст на Google Analytics ве информираме дека IP адресата е видлива само во скратена форма во рамките на земјите-членки на Европската Унија или на другите членки на Европската Економска Зона и таа се испраќа до сервер на Google во САД само во исклучоци каде што се прави кратка форма од неа. IP адресата нема да биде споена со податоците за корисниците во рамките на другите понуди од Google. Можно е Google да ги поврзе информациите споменати горе со други информации од други извори. Така, ако корисникот на крајот замине на друга веб-страница, можно е и на таа веб-страница да му се прикажуваат реклами соодветни на неговите интереси.

Податоците на корисниците се обработуваат во форма на псевдоними во рамките на Услугите за маркетинг на Google, а тоа значи дека Google не ги зачувува и обработува, на пример, имињата или адресите на е-пошта на корисниците, туку само релевантни податоци за профилите на корисници шифрирани под псевдоним кои се добиваат преку колачињата. Од поглед на Google, рекламите не се прикажуваат на специфично идентификувани лица, туку се прикажуваат на сопственици на колачиња, независно од тоа кој е нивниот идентитет. Ова не важи ако некој корисник дал јасна согласност Google да ги обработува неговите податоци без да користи псевдоним. Информациите што се собираат за корисниците преку Услугите за маркетинг на Google се испраќаат на Google и се чуваат на сервери на Google во САД.

Некои од Услугите за маркетинг на Google што ние ги користиме се тие за интернет-маркетинг, наречени „Google AdWords“. Во случајот на Google AdWords, секој огласувач на реклами преку AdWords добива различно „колаче за конверзија“. Колачињата не може да се следат со помош на веб-страниците на огласувачите на AdWords. Информациите што огласувачите на реклами на AdWords ги добиваат со помош на колачињата, ги користат да ја следат статистиката за посетите и да ги следат конверзиите од тие посети. Огласувачите на AdWords можат да го видат вкупниот број на корисници што кликнале на нивна реклама и биле пренасочени кон страница на која има ознака за следење на конверзијата. Сепак, огласувачите не добиваат информации со коишто би можеле лично да ги идентификуваат корисниците.

Во некои случаи, може да ја користиме услугата „Google Optimizer“. Google Optimizer ни овозможува да разбереме какво влијание одредени промени на веб-страницата (како промените во полињата за внесување информации, дизајнот итн.) може да имаат во рамките на таканаречено „A/B тестирање“. За таквите цели на тестирање, на уредите на корисниците се зачувуваат колачиња. Податоците за корисниците се обработуваат само како псевдоними.

Освен тоа, може да ја употребиме и услугата „Google Tag Manager“, за да можеме да ги интегрираме услугите за анализа и маркетинг на Google на нашата веб-страница.

Повеќе информации за употребата на податоците од страна на Google можете да пронајдете на: policies.google.com/technologies/ads?hl=de, додека изјавата за заштитата на податоците на Google се наоѓа на: policies.google.com/privacy?hl=de abrufbar.

Во случај кога не посакувате да бидете подложени на Услугите за маркетинг на Google, можете да ги употребите опциите за откажување на Google: adssettings.google.com.

Податоците што ни ги пренесувате со посредство на образецот за внесување на нашата веб-локација, за целите на обработка на барањето се чуваат 14 дена на нашите веб-сервери , а потоа се бришат. Детали за проследување на податоците ќе најдете во „Кој добива какви податоци“.

Се собираат следниве лични податоци:

  • име (задолжително поле)
  • презиме (задолжително поле)
  • фирма (задолжително поле)
  • улица, број
  • место
  • град
  • земја
  • е-пошта (задолжително поле)
  • телефон (задолжително поле)
  • Област (задолжително поле)
  • предмет 
  • порака (задолжително поле)
  • испраќање копија од е-поштата на барањето
  • потврда за читање на Изјавата за заштита на податоците

Информации за вашите права во поглед на чл. 13 од DSGVO ќе најдете во „Кои права ги имате во поглед на вашите лични податоци“.

Податоците што ни го проследувате со помош на формуларот за контакт за барање како подизведувач за нашата веб-локација се пренесуваат со цел обработка на барањето до соодветното одделение, а се бришат од нашите веб-сервери по 14 дена. Детали за проследување на податоците ќе најдете во „Кој добива какви податоци“.

Се собираат следниве лични податоци:

  • фирма (задолжително поле)
  • улица, број
  • место
  • град
  • земја (задолжително поле)
  • ДДВ-број (задолжително поле)
  • веб-локација
  • титула
  • име
  • презиме
  • позиција
  • телефон(задолжително поле)
  • е-пошта (задолжително поле)
  • локален сообраќај во Австрија
  • редовен сообраќај во Австрија
  • чартер сообраќај во Австрија
  • локален сообраќај во други земји
  • меѓународен редовен сообраќај
  • меѓународен чартер сообраќај
  • спринтер
  • церада за возило во локалниот сообраќај
  • куфер за возило во локалниот сообраќај
  • трактор
  • церада за трактор
  • куфер за трактор
  • WAB-моторно возило
  • потврда за читање на Изјавата за заштита на податоците

Информации за вашите права во поглед на чл. 13 од DSGVO ќе најдете во „Кои права ги имате во поглед на вашите лични податоци“.

Личните податоци ги собираме само кога вие самите ги споделувате со нас како дел од регистрација или интернет-апликација. Ги собираме, обработуваме и употребуваме следните лични податоци коишто ги споделувате со нас за целите на услугите што сте ги побарале, но и за да ги процесуираме вашите барања и апликации.

  • Звање (задолжително поле)
  • Титула
  • Име (задолжително поле)
  • Презиме (задолжително поле)
  • Е-пошта (задолжително поле)
  • Телефон (задолжително поле)
  • Приложена документација за апликацијата

Ако аплицирате за работно место кај нас, треба да отворите профил на кандидат преку нашиот портал за апликации. Полињата означени како задолжителни мора да ги пополните, во спротивно нема да можете да отворите профил на кандидат при што нема да можете ниту да аплицирате.

Со отворањето профил на кандидат, се согласувате да ги користиме вашите податоци за внатрешни намени на анализа на работни позиции – дури и кога нема активна апликација за работно место – и притоа може да ве контактираме за да ви понудиме интересна можност. Имате право на информираност, корекција, бришење и ограничување на личните податоците, како и на нивен пренос и противење истите да ги добиеме.

За да функционира нашата веб-страница и нашиот портал за апликации, за да ги обработиме вашите барања, апликации и за да ги користите нашите услуги, ангажираме даватели на (софтверски) услуги коишто добиваат пристап до вашите лични податоци во текот на нивните активности. Сите тие се посветени на исполнување и почитување на важечките регулативи за заштита на личните податоци. Повеќе информации за давателите на услугите што работат за нас, можете да побарате на datenschutz@quehenberger.com.

Со отворањето профил на кандидат, се согласувате вашите податоци, вклучително и документацијата за апликацијата, да бидат испратени до партнерите за контакт на соодветните подружници и специјалистички оддели коишто вршат нивна обработка во рамките на AUGUSTIN QUEHENBERGER GROUP или на компаниите, коишто се дел од групацијата за целите на анализа на работни позиции и целокупниот процес на апликација. Освен тоа, се согласувате компаниите да ве побараат за да ви понудат интересни можности за апликација за работа во компанија и/или да ве вклучат во натамошните фази на процесот на апликација (на пример, центри за процена, тестирања, итн.). Можете во секое време да ја повлечете оваа согласност преку вашиот профил на кандидат. Истовремено, можете и да го избришете целиот профил на кандидат. Информации за вашите права во поглед на § 13 DSGVO (Општа регулатива за заштита на податоците), ќе пронајдете под делот „Вашите права во однос на личните податоци“.

Чување податоци и нивна безбедност

Податоците од вашиот профил на кандидат се бришат автоматски од вашиот профил по 18 месеци неактивност. Во случај на откажана апликација, ги задржуваме сите податоци и документи поврзани со апликацијата, како и кореспонденцијата во период од 18 месеци пред тие да бидат автоматски избришани. Во случај на успешна апликација, вашите податоци за вработување и документите ќе бидат користени и понатаму.

Се применуваат сите напредни технички и организациски мерки за заштита на вашите лични податоци од загуба, неовластен пристап и злоупотреба. 

Колачиња-навестување

Колачиња се мали текстуални датотеки што преку прегледувачот се складираат на вашиот уред кога ја користите нашата веб-локација. Овие текстуални датотеки содржат информации за обезбедување услуги што се едноставни за користење, а што ги исчитуваат веб-прегледувачите. Колачињата ѝ овозможуваат нашата веб-локација да ве препознае, така што нашиот веб-сервер ќе може да ви презентира поиндивидуална, подобра, побрза, како и поприлагодена веб-локација на вашите потреби.

Имајте предвид дека можеби нема да може да пристапите до некои веб-содржини кога ќе ги блокирате колачињата.

Во суштина, се разликуваат колачиња од следниве видови:

  • Колачиња поврзани со сесија: Тие се складираат на вашиот компјутер, односно краен уред, за време на сурфањето на нашите веб-локации, а потоа се бришат.Постојани колачиња: Овие колачиња остануваат на вашиот компјутер подолго време.
  • Колачиња од трети страни: Овие колачиња ги создаваат партнерските веб-локации и вградени се во нашата локација. Тие се користат, на пример, за испорака на персонализирана реклама.

Во принцип, ние ги користиме интернет-технологиите (на пр. колачиња, Java Script) само со цел да ви ја олесниме работата на нашата веб-локација, како и да ги оптимизираме нашата понуда и вашата комуникација со нашите содржини:

  • Ги користиме таканаречените колачиња поврзани со сесија за да ја задржиме тековната сесија активна.
  • Колачињата ги користиме за анализа на податоците. Со ова можеме да препознаеме како, на пример, се прифатени нашите формулари, колку посетители ги користат нашите локации, односно кои се најпосетуваните веб-локации. 
  • Ги користиме колачињата од трети страни што имаат за цел да ги подобрат вашите искуства со нашите содржина и рекламни огласи.

Оваа веб-локација, меѓу останатото, користи услуги за веб-аналитика на Google. Повеќе информации за ова и општи информации за темата за Заштита на податоците може да се најдат на Напомената за заштита на податоците.

"Некои трети страни поставуваат колачиња на вашиот компјутер, особено за да го регистрираат однесувањето на посетителите и да ги персонализираат понудите (вклучувајќи и реклама). Во зависност од платформата, се поставуваат повеќе колачиња од трети страни. Како третата страна се справува со колачињата може да прочитате на соодветните страници на мрежата. Напомените за мрежите ќе ги најдете подолу во табелата. Ние немаме никаква контрола над колачињата од трети страни. Поради тоа, ви препорачуваме да ги проверите релевантните веб-локации од трети страни во смисла на тоа кои колачиња се користат и како тие можат да се управуваат. За вообичаените провајдери од трети страни како Facebook, Google и многу други, „Digital Advertising Alliance“ нуди можност да се направи заедничко откажување на сите DAA компании. Понатамошни напомени за ова ќе најдете во точките 4 и 5.

Колаче, технологија, односно провајдер     Задача Времетраење
Google Analytics
__utma Овозможува евидентирање на посетите и посетителите.     2 Години
__utmz Открива од кој извор/кампања доаѓа посетителот.     6 Месеци
__utmx Таа е колаче што е поставено специјално за тестирања и експерименти во рамките на аналитиката.     26 Месеци
__utmt Ограничи ја стапката на барање на Google Analytics   10 Минути
__utmb Се користи за откривање нови посети. 30 Минути
__utmc Со ова поврзано со __utmb се открива дали станува збор за нова/повторна посета. Се отстранува кога прегледувачот ќе се затвори    
__gat Колаче што се однесува на функциите чии задачи може да се разликуваат. 2 Години
PHP
PHPSESSID PHP Session Cookie     Се отстранува кога прегледувачот ќе се затвори    

Во менито на вашиот прегледувач ќе најдете опции за поставување за користење на колачињата. Вообичаено, прегледувачот располага со следниве опции за поставување:

  • Прикажување колачиња,
  • Допуштање колачиња,
  • Деактивирање на сите или одредени колачиња,
  • Деактивирање на сите колачиња при затворање на прегледувачот,
  • Блокирање колачиња,
  • Известување кога треба да се постави колаче и
  • Приговор за веб-анализата на следењето

За следниве прегледувачи ќе најдете упатства за деактивирање на колачињата на страниците на производителот. Доколку ги блокирате нашите колачиња во вашиот прегледувач, нема да може да користите некои подрачја од нашата веб-локација.

Прашања за Напомената за заштита на податоците

Оваа веб-локација ја одржува AUGUSTIN QUEHENBERGER GROUP GMBH.

Доколку имате прашања, грижи или поплаки во врска со Напомената за заштита на податоците или со ракувањето со вашите податоци, ве молиме контактирајте со службеникот за заштита на податоците Martina Rettenbacher.

AUGUSTIN QUEHENBERGER GROUP GMBH
Datenschutz
Martina Rettenbacher
Gewerbegebiet Nord 5
5204 Straßwalchen
Austria
datenschutz@quehenberger.com или dataprotection@quehenberger.com