Специјални транспорти на највисоко ниво
Q Projects во пракса
Со нашиот производ Q Projects специјален транспорт на нашите клиенти им нудиме наменски решенија за транспорти од посебен вид - исклучително големи, исклучително долги, исклучително тешки. За испорака на преголеми покривни форми до градилиштата за компанијата HESS TIMBER можеме да обезбедиме оптимален пакет на услуги, благодарение на нашата специјална експертиза.
HESS TIMBER треба да биде во можност што е можно попрецизно да ги пресмета трошоците за превоз во барањата на клиентите. Затоа, Quehenberger Logistics нуди брза калкулација на транспортните трошоци за оваа комплексна област. Дополнително, кога станува збор за специјални транспорти посветуваме големо внимание на целосното планирање. Со помош на Road-Books, изработена од нашите експерти и анализа на изводливост точно се утврдува дали однапред планираната патна линија одговара за транспорт на пратката со наведената димензија.
За нашите клиенти организираме
- соодветна опрема и оптимална комбинација на возила
- најповолни услови на истоварното место
- поставување на паркинг простор
- координација со сопствениците на имотот
- поткастрување на дрвја на патот
- привремено пренасочување на амбулантни возила во случај на блокада на патот поради операции за маневрирање и растовар на возилата
Комуникацијата е сé!
За да овозможиме непречени процеси за комплексните транспорти што ги извршуваме за HESS TIMBER неопходно е детално планирање и прецизна комуникација помеѓу сите вклучени страни. За извршување на специјални транспорти од оваа големина се инволвирани многу страни, кои мора да бидат координирани: од изведувачи до придружни возила, од товарни локации и дозволи до полициски станици, органи за изградба на патишта, занаетчии, изведувачи на градежни работи и фериботски компании.
Друг важен аспект за овие специјални транспорти е запазување на дефинираните термини за преземање и испорака. На пример, може да биде потребно да се направат специјални транспортни помагала за утовар и истовар на пратките.
HESS TIMBER може да се фокусира на својата основна дејност, а останатото да го остави на нас. Од точно планирање до комплетно усогласување на сите инволвирани страни.
Беспрекорни процеси за задоволни клиенти
Дури и за HESS TIMBER транспортот на екстра-долгите структурни компоненти не е вообичаен процес. Бидејќи професионалецот за дрвени елементи не може да извршува транспорти од овој вид со сопствената флота, истите ги доверува на индивидуалното Q Projects решение на Quehenberger Logistics.
„Ви благодариме за одличната соработка.“
Ние одвојуваме време за Вас и слушаме!
И на Вас Ви е потребно прилагодено решение за Вашиот специјален транспорт? Договорете термин со нашите специјалисти – со нетрпение го очекуваме нашиот следен предизвикувачки проект!