Неколку кафе-капсули пред купче од зрнца кафе. Неколку кафе-капсули пред купче од зрнца кафе.
Индивидуална Inbound-логистика за клиенти од индустријата за FMCG.

Решение за складирање и дистрибуција за Segafredo Zanetti

Процесот на соодветно складирање и испорака на кафе е исто толку деликатен како и самиот процес на произвоство.

Комплетен пакет на услуги за реномираниот производител на кафе

70.000 клиенти ги обожаваат прекрасните ароми на Segafredo Zanetti. Quehenberger Logistics нуди прилагодено FMCG-логистичко решение за да обезбеди пристигнување на кафето до крајната дестинација во најкраток можен рок и со највисок квалитет.  За оваа цел суштинско значење имаат: детални извештаи за квалитет, како и централна услуга за клиентот преку единствено лице за контакт во Quehenberger Logistics.

Складирање во Австрија, Хрватска и Унгарија. Наш предизвик? Пакување, безбедно за транспорт на комплетната палета на производи на палети или во пакети во зависност од обемот на нарачката. За да се спречи влошување на квалитетот на производите поради складирање и транспорт, ние го преземаме следното:

  • FIFO (First-in-First-out) метода
  • GS1-стандарди со интензивна размена на податоци  
  • DESADV-известувања и комуникација со трговците на големо 

Со цел кафето да пристигне на време до продажните места, покрај одличната логистика за складирање располагаме и со индивидуален FTL-/LTL-концепт за испорака. Притоа ги снабдуваме националните и интернационалните централни складишта на потрошувачите на големо, како и регионални складишта или Cross-Docking-центри. Испораката на пратки со мали количини, на пример, до угостителски компании во најголем дел се одвива преку брза пратка.

Комисионирање, професионално пакување или испорака – логистичките процеси се управуваат во Salzburg и пратките се испорачуваат во Австрија, како и во Источна и Западна Европа. Доколку има потреба од царински услуги, сите постапки и процеси за царинење се извршуваат професионално и доверливо од страна на нашите експерти. 

Индивидуално FMCG-решение за Segafredo Zanetti

  • лична поддршка од единствено Quehenberger-лице за контакт (Single point of contact)
  • индивидуални концепти за дистрибуција (FTL, LTL, брзи пратки)
  • активно следење на пратките
  • складирање на специфични производи
  • истовар на контејнери
  • следење на серијата од производи
  • контрола на рокот на траење на производите, FIFO-принцип
  • детално известување за квалитетот
  • следење на плаќања при испорака и наплата на долгови

Заклучок: Со индивидуалното решение за синџирот на снабдување овозможуваме постојана достапност на целиот асортиман на производи на Segafredo Zanetti.

Ние одвојуваме време и слушаме!

На почетокот на секоја соработка со клиентите детално ги проценуваме нивните барања и потреби. Нашите експерти од областа на FMCG/Храна/пијалок лично разговараат за специфичните барања со клиентите. Откако ќе ги утврдиме сите релевантни параметри, креираме индивидуален концепт за Вас. Вашиот бенефит секогаш е во центарот на вниманието за нас! 

Нашите индустриски решенија за FMCG/Храна/пијалок се индивидуални и може дополнително да се прилагодат на Вашите уникатни барања. Јавете ни се или испратете ни е-маил – со задоволство ќе Ве информираме!