Ефикасни на отворено море.

Логистички решенија за поморски транспорт

Нашите компетентни центри низ цела Европа развиваат индивидуални поморски и целосни решенија за испорака на Вашите пратки ширум светот.

Со поморски пратки на другиот крај на светот

Со нашите производи за поморски транспорт Ви нудиме индивидуални можности за поморски транспорт на Вашите пратки, специјални и масовни транспорти, како и транспорт на опасни материи. Систематскиот скрининг на логистичкиот синџир и нашата услуга од врата до врата гарантираат сигурен и економичен транспорт на Вашата стока. Предноста е очигледна: Така Вие можете да ги редуцирате Вашите оперативни трошоци и да го оптимизирате транзитното време.  

Ако има промени во обработката на Вашата нарачка или ако се појават прашања за време на извршување на транспортот, нашите клиенти од самиот почеток имаат на располагање лице за контакт – Ваш „single point of contact“. Нашите специјалисти за поморски транспорт креираат за Вас индивидуално приспособени транспортни концепти. 

Индивидуални решенија за поморски транспорт

  • Container-Port логистика 
  • збирен транспорт до сите поважни пристаништа во светот
  • индивидуална проектна логистика
  • концепти за интермодален транспорт
  • манипулација со опасна стока
  • интегрирано царинење
  • врата-до-врата услуга

Нашиот сеопфатен пакет со вклучени царински услуги Ви нуди комплетно решение. 
Наше ветување: индивидуални концепти со најдобри транспортни трошоци и време на испорака.

Професионален, динамичен тим и глобална мрежа обезбедуваат непречени процеси. Со наши сопствени локации на пристаништата Констанца, Риека, Копер, Одеса , Хамбург и Санкт Петербург постигнуваме целосна покриеност за европскиот континент. Ова создава флексибилност при креирањето на транспортни решенија, а нашите клиенти го ценат ова!

Сертификати

Q Ocean услуги на едно место:

Во цел свет: Со нашите Q Ocean производи и специјални решенија Вашите испораки ќе бидат испорачани професионално и доверливо во целиот свет. 
Најсовремени ИТ-системи гарантираат точно следење на пратките и со тоа висок степен на транспарентност и безбедност. 

Прилагодено решение за  помосрски LCL збирен транспорт во целиот свет. Портали со високи перформанси во пристаништата во Северна, Јужна и Источна Европа обезбедуваат непречен увоз и извоз во светски рамки.  

Индивидуално планирани и управувани од нашите специјалисти за поморски транспорт FCL контејнерските транспорти се испраќаат навремено и безбедно – индивидуално од врата до врата. 

Q Ocean Traction нуди идеално логистичко решение за транспорт на стоки од и до Азија. Вашите контејнери и збирни пратки безбедно се транспортираат со железница до Вашата дестинација – особено атрактивно транзитно време е загарантирано.

Q Ocean XL нуди прилагодена проект -логистика за специјални барања, како што е испорака на големи и особено габаритни стоки  – ангажман на специјална контејнерска опрема е наша страст!

Со потребното знаење и интуиција нашите вработени нудат специјални производи и изработуваат индивидуални транспортни концепти. Значи, Вие можете да се потпрете на структуиран, а пред се` безбеден врата-до-врата транспорт.

  • Q Ocean Fresh: Оптимална транспортна клима и прилагодени температури во контејнерите од -35 до +30 степени Целзиусови. 
  • Q Ocean Pharma: Специјално обучен персонал обезбедува транспортен процес со контрола на температура според GDP-правила.
  • Q Ocean Care: Транспортни решенија за опасни материи од специјално обучени вработени.
  • Q Ocean Aerospace: меѓународна мрежа со специјалисти за воздухопловство.

Ви требаат подетални информации за нашите поединечни производи за поморски транспорт ? Јавете ни се или испратете ни маил. Со задоволство стоиме на располагање за лична средба.