Маркетинг во Quehenberger Logistics
Quehenberger е наша работа!
Транспорт, логистика и услуга се Ваша страст? Нашиот маркетинг-тим работи со цел да ги подобри своите вештини и да го пренесе шармантниот и симпатичен дух во рамките на компанијата и надвор од неа. Мерките за брендирање на социјалните медиуми се спроведуваат на интенационално ниво во тесна соработка со човечки ресурси, управување со производи, продажба и нашите деловни единици.
Kомуникациски талент за силен бренд: Дали сте иновативни, добро организирани и креативни? Тогаш ги исполнувате најважните предуслови за успешно развивање на брендот на Quehenberger Logistics!
Специјалист за маркетинг
Ваши задачи како специјалист за маркетинг
- тесна соработка со човечки ресурси, управување со производи, продажба и лице за контакт за нашите агенции
- планирање и имплементација на маркетиншки мерки (корпоративни комуникации, социјални медиуми, интернет, интранет, фото-снимки, видеа, настани за вработените и за клиентите, малопродажба, корпоративно објавување итн.)
- поддршка на различни маркетинг-проекти и самостојно управување со проекти
- функција на пример и комуникација за вредностите на нашиот бренд.
Ваша кариера-плус во Quehenberger Logistics
Сакате да станете дел од нашиот тим? Во прилог на нашите многубројни придобивки можете да го очекувате и следното:
- одлична работна средина
- можност за активно учество со сопствени идеи
- можности за напредување
Ние сме тука за Вас!
Имате уште прашања? Вработените во нашиот оддел за човечки ресурси Ви стојат на располагање во секое време!
Kликнете овде и добијте преглед за многуте профили за работа во Quehenberger Logistics.