Транспорт менаџмент на Quehenberger Logistics
Комуникативни и поврзани
Бараме тимски играчи: Во оваа работа, важно е да се биде комуникативен и да уживате во мрежниот начин на работа. Бидете како транспорт менаџер во FTL/LTL, во нашиот оддел за индустриски решенија или како оперативен менаџер во одделот за воздушен и поморски транспорт – прилагодените транспортни решенија и логистички концепти ќе бидат дел од Вашaта секојдневна работа.
Стажирање: Референт за продажба
Организациски вештини и комуникациски талент – две карактеристики кои се многу важни за практикантите како референти за продажба.
Преместувајќи илјадници тони од едно место на друго – само со еден клик: Како практикант во овој оддел влегувате во интернационална и повеќеслојна работа. Во рамките на компанијата вие буквално останувате во движење – бидејќи за време на праксата нашите идни референти за продажба ротираат помеѓу различни области на работа.
Предизвик? Ако патиштата кон Русија одеднаш се затвораат и пристигањето на пратката е во опасност, вие морате да реагирате со брзина на светлината, за да ја реорганизирате рутата и да најдете брзо решение!
Вашите задачи како практикант во одделот за продажба
- планирање на соодветни транспортни рути
- организација на утоварите
- контакт си клиентите и превозниците
- обработка на предлозите
- управување со плаќањето
- комуникација со клиенти, партнери и превозници на повеќе јазици
Нашите специјалисти
Транспорт менаџмент за FTL и LTL
Вашите задачи како FTL/LTL транспорт менаџер
- одржување на компетентноста
- концептуализација на решенијата
- организација на сертифицирани подизведувачи
- комуникација со клиенти, партнери и превозници на повеќе јазици
Оперативен менаџмент во одделот за воздушен и поморски транспорт
Вашите задачи како оперативен менаџер
- изработка на наменски решенија за клиентите кои користат воздушен и поморски транспорт
- логистика на контејнери и манипулација на аеродроми
- превоз на специјални стоки
- изработка на оптимален пакет за заштита на осигурувањето
- работа според строги упатства за квалитет
- комуникација со клиенти, партнери, превозници и авиокомпании на повеќе јазици
"Културата на нашата компанија поттикнува посветени и независни вработени."
Транспорт менаџмент за индустриски решенија
Го сакаш извонредното? Како менаџер за транспорт за индустриски решенија, секој ден те чека нов предизвик.Клучниот збор е: флексибилност! Во прилог на вообичаените задачи во транспортот менаџментот, ќе креирате кориснички концепти за нашата малопродажба, мода, гуми, автомобилска индустрија и брзорастечките индустрии.
Вашите задачи како транспорт менаџер за индустриски решенија
- креирање на индивидуално приспособени, индустриско-специфични концепти
- издавање на налози
- разгледување на податоците за пратката
- следење на пратката
- обработка на поврат
- контролирање на складирана и опасна стока
- комуникација со клиенти, партнери и превозници на повеќе јазици
Вашите придобивки во Quehenberger Logistics
Вие сте заинтересирани да работите во транспортен менаџмент во Quehenberger Logistics? Нам ни е чест за тоа! Покрај бројните придобивки, ве чека следново:
- најсовремена опрема
- одлична работна атмосфера
- интерна компаниска едукација и програми за обука
- можност за активно учество и приклучување кон нови случувања
- можности за напредок во кариерата
Ние сме тука за Вас!
Имате прашања? Нашите колеги од одделот за човечки ресурси со задоволство ќе ви одговорат!
кликни овде и добиј преглед на многуте профили за работа во Quehenberger Logistics.