Возач во возачката кабина на камионот. Возач во возачката кабина на камионот.
Симпатични и фер.

Возачи на камиони во Quehenberger Logistics

Дали на кратки или долги растојанија. Дали шлепер, приколичар или мега-возило. Како возач на камион Вие сте визит-картата на нашата компанија на патот.

Главни на патот

Праведност во сообраќајот, пријателска комуникација со нашите клиенти: ова ги карактеризира нашите возачи на камиони. Вие се грижите за навремено пристигнување на стоката во совршена состојба. Притоа мора да совладате многу предизвици. Во случај на сообраќаен метеж, лоши временски услови или промена на рута, Вие останувате професионални и во движење!

Вашата придобивка се сеопфатни обуки, најсовремена флота, одлична опрема и услуги за поправка. Нашиот возен парк се наоѓа во Австрија, Чешка и Романија.

Шлепери, приколичари, мега-возила и фриго се Ваша страст? Тогаш, да ги транспортираме заеднички пратките на нашите клиенти!


Возачи на камиони

Женски возач пред црвен камион на Quehenberger.

Вие цените сигурен работодавец кој Ви нуди најсовремена опрема, удобни возачки кабини, работна облека и сигурен приход? Бараме возачи на камиони кои се одговорни и ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Ваши задачи како возач на камион

  • безбеден и навремен превоз на стоки
  • поддршка за време на товарење и истовар
  • професионален пристап со клиентите
  • проактивна и пријателска комуникација
„Го ценам нивото на слобода, сопствена одговорност и сигурност што ги имам во мојата работа.“
Karola Faltermeier, возач на камион во Quehenberger Logistics

Ваши продобивки во Quehenberger Logistics

Покрај бројните други придобивки како возач на камион во Quehenberger можете да го очекувате и следното:

  • најсовремена флота на возила
  • сопствена работилница за поправки и сервис на возила
  • комфорни возачки кабини
  • најнови безбедносни системи
  • соработка со службата за помош на патиштата 24/7
  • функционална и модерна работна облека

Ние сме тука за Вас!

Имате прашања за конкретна позиција или Ви се потребни детални информации? Вработените во нашиот оддел за човечки ресурси Ви стојат на располагање во секое време!

Kликнете овде и добијте преглед за многуте профили за работа во Quehenberger Logistics