Успешна приказна – Kirill Chibrikin.

Интервју за успешна приказна

„Ми се допаѓа креативниот аспект на нашата работа – секогаш постои потреба за иновативни идеи.“
Kirill Chibrikin, Country Manager

Од кога работите во компанијата?
  

Во Quehenberger работам од 2001 година.

 

На која позиција започнавте во Quehenberger? Која позиција ја имате моментално ?
 

Мојата кариера ја започнав како менаџер за продажба, сега сум Managing Director во Quehenberger Русија.

 

Што Ви се допаѓа во врска со Вашата работа?
 

Ми се допаѓа креативниот аспект на нашата работа – секогаш има потреба од иновативни идеи.  Сакам да се справам со новите предизвици, да дефинирам и да постигнам цели.Многу сум горд што сум одговорен за тимот кој  Quehenberger го води напред на рускиот пазар.

 

Што цените во Вашата работна средина?

 

Јас работам во реномирана и амбициозна европска компанија која има добра репутација и е позната како сигурен партнер меѓу клиентите и добавувачите. Покрај тоа, опкружен сум со со позитивни и посветени колеги кои заеднички работат на остварување на поставените цели.

 

Има ли некој кој ви даде дополнителна поддршка?
 

Особено сум благодарен на мојот претпоставен, кој ме поттикнуваше и поддржуваше откако ја презедов функцијата генерален директор во Русија. Многу сум благодарен и на сите мои колеги, кои постојано придонесуваат за идниот развој на компанијата.

 

Зошто би го препорачале Quehenberger како работодавец?

 

Quehenberger е сигурна и транспарентна компанија со многу добра репутација на рускиот пазар. Ние нудиме можности за понатамошен развој – личната кариера на нашите вработени не зависи од нивната моментална позиција. Мојата успешна приказна е совршен пример за тоа.