Двајца вработени пред компјутерски екран со статистички дијаграми. Двајца вработени пред компјутерски екран со статистички дијаграми.
Анализа и развој.

Бизнис развој & Продажба во Quehenberger Logistics

Креативни решенија и висок степен на иницијатива претставуваат основа за развој на бизнисот и продажбата. Оваа област има клучно значење за состојбата на нарачките, генерирани од тендери и личен контакт со клиентите.

Поврзаност со клиентите

Бизнис развој и продажба во Quehenberger Logistics се одговорни за развој на бизнисот во областите на транспорт менаџмент и договорна логистика. Дали специјалист за бизнис развој, менаџер за развој на бизнис, менаџер за тендери или проекти – со детално познавање на производите и решенијата во индустријата нашите експерти со ентузијазам стојат на располагање за клиентите.


Бизнис развој

Ако услугата е Ваша страст, Вие сте на вистинското место! Во областа за бизнис развој се обработуваат тендери и договори со клиентите како важна основа за нашите услуги. Во Вашите работни задачи припаѓаат калкулација за тендери и развој на најдобри можни индувидуални решенија.  Притоа се дефинираат најважните точки за клиентите и интензивно се справуваат со нивните потреби и барања. Затоа, во бизнис развој се потребни вештини и високо ниво на ориентираност кон клиентите. 

Овие работни задачи ги преземате во бизнис развој

  • управување со тендери
  • анализа на тендери и барања на клиенти
  • калкулација на понуди и координација со оперативни единици
  • изработкa на понуди
  • презентација и преговарање за понуди со клиентите
  • поддршка на Key Account менаџмент во контакт со клиентите и имплементирање  
  • анализа на процеси и податоци

Продажба / Key Account менаџмент

Заинтересирани сте за продажба? Ве очекуваат возбудливи работни задачи и предизвици!

Ова се Вашите задачи во Sales / Key Account

  • стекнување на нови клиенти
  • поддршка и консултации на постоечките клиенти 
  • активна продажба на нашите услуги
  • изработка на договори
  • Key Account менаџмент

Ваши предности во Quehenberger Logistics

Покрај нашите многубројни придобивки Ви го нудиме и следното во областа на бизнис развој и продажба:

  • службено возило по потреба
  • флексибилно работно време (при патување)
  • делумно Home-Office
  • ротација на работно место
  • можност за интерно напредување во кариерата

Ние сме тука за Вас!

Ако имате прашања, слободно контактирајте со нашиот персонал човечки ресурси!

Kликнете тука и добијте преглед на многу описи за работни места во Quehenberger Logistics.