Добро организирани и професионални.

Правни работи и осигурување во Quehenberger Logistics

Вработените во нашиот правен оддел се експерти за сите правни работи. Тие не само што ги проверуваат документите за договор, туку обезбедуваат и внатрешни правни совети за различни правни прашања.

Познавање од областа на правото

Без разлика дали во областа на побарувања или договорно право – нашите специјалисти за правни работи се професионалци во комуникација со властите, правните лица и клиентите.

Правни експерти со интегритет: Покрај правна експертиза ваков вид на работа бара точност, сеопфатно размислување, комуникациски вештини, сигурност и ориентираност кон квалитетна услуга. Вие работите аналитички, организирано, самостојно и сакате да истражувате во Вашето поле на експертиза? Тогаш Вие сте на вистинското место во Quehenberger Logistics!


Ваши задачи како специјалист за правни работи

  • Креирање, преглед, архивирање и администрирање на договори
  • Правни истражувања
  • Изработка на правни мислења
  • Преземање на работи од комерцијално и корпоративно право
  • Подготовка и поведување на правна постапка
  • Обезбедување правни информации
  • Управување со правниот регистар

Работа во областа на осигурување во Quehenberger Logistics

Несомнено е дека пратките на нашите клиенти се во најсигурни раце во Quehenberger Logistics Меѓутоа, таму каде што има многу движење, нешто може да се случи и покрај целосната грижа.

Совршено подготвени

Дали несреќи во сообраќајот, непредвидливи природни катастрофи или едноставно штети – на пратките на нашите клиенти им треба соодветно осигурување. И во областа на логистиката за складирање соодветниот пакет за осигурување е од суштинско значење. 

Осигурување

Осигурувањето е важна тема – затоа неопходно е да се биде професионален и објективен во оваа област. Прецизниот начин на работа е една од Вашите силни страни? Тогаш областа на осигурување е совршена за Вас! Издржливост, способност за убедување и флексибилност го заокружуваат Вашиот профил. 

Ова се Вашите работни задачи во областа на осигурувањето

  • Подготовка на понуди за транспортно осигурување
  • Покривање на транспортните осигурувања како и нивна внатрешна наплата
  • Обработка на штета во областа на транспортна одговорност и осигурување од јавна одговорност, како и осигурување на моторни возила и од сите ризици
  • Обработка на прашања во врска со различни осигурителни прашања
  • Подготовка на различни евалуации

Ваши предности во Quehenberger Logistics

Се интересирате за правни работи и сакате да станете дел од тимот на Quehenberger Logistic? многубројни придобивки чекаат на Вас!

Ние сме тука за Вас!

Имате уште прашања? Вработените во нашиот оддел за човечки ресурси Ви стојат на располагање во секое време!

Kликнете овде и добијте преглед за многу профили за работа во Quehenberger Logistics.