Магацински работник организира полици. Магацински работник организира полици.
Пакување и движење.

Складирање во Quehenberger Logistics

Во средина на секоја активност

Работата во склад е разновидна и возбудлива? Да, бидејќи задачите во оваа област се исто толку разновидни, како и барањата на нашите клиенти. Ние нудиме складирање, услуги со додадена вредност, контрола на квалитет, менаџмент на поврат и многу повеќе.

„Создавачи“ на логистиката: Физичка кондиција, одговорно и внимателно ракување со пратки се предуслови за работа во нашите магацини! Нашите вработени во складовите и во Crossdock добиваат поддршка од компетенти лидери на тим и смена, како и од нашите специјалисти за системот.


Специјалист за оперативна логистика

Практикант пакува картони во магацинот.

Нашите складови импресионираат не само со големината, туку и со конзистентната организација. Секој производ има точно одредена локација. Ќе научите се за оптимален проток на стоки и за тоа како да управувате со ресурсите во складот или во складот за пренос на стоки.

Најважните квалитети на идниот оперативен логистички специјалист? Организациски вештини и око за детали!

Твои задачи како приправник во склад

  • прием и складирање на влезна стока
  • идентификација на недостаток и штети на стоки и нивното пакување
  • комисионирање на пратки

Магацински работници во склад и Crossdock

Жена вози виљушкар низ магацинот.

Вие сте доверливи и прецизни и имате одлични организациски вештини? Тогаш сте совршен кандидат за работа во нашиот склад и магацин за пренос на стоки! На површина од 715.200 квадратни метри за складирање и претовар на стоки нашите магацински вработени – во вистинска смисла на зборот – ја пренесуваат својата сила.

Ваши задачи како магацински работник

  • оперативна организација на склад
  • анализа и оптимизација на работните процеси
  • контрола на квалитет на стоки
  • комисионирање и разни видови на услуги на додадена вредност

Ваши придобивки во Quehenberger Logistics

Добра работна атмосфера е наш приоритет. Дознајте повеќе за вашите придобивки како вработен во Quehenberger Logistics!

Ние сме тука за Вас!

Имате уште прашања? Вработените во нашиот оддел за човечки ресурси Ви стојат на располагање за дополнителни информации!

Kликнете овде и добијте преглед за многуте профили за работа во Quehenberger Logistics.