Финансии и контрола во Quehenberger Logistics
Поглед во сите бројки и процеси
Работењето во финансии бара постојана комуникација и редовна размена на информации – координација, разбирање и комбинирање се неопходни компоненти во секојдневните активности.
Дали како контролор, сметководител или приправник за административен службеник – имплементацијата на прописите за финансирање во нашата компанија е интересна и разновидна област на одговорност!
Приправник за административен службеник или асистент за финансии & сметководство
Броеви и статистика се твоја страст? Се интересираш за економски односи, сметководство и биланси? Тогаш финансии & контрола е совршен профил за работа за тебе!
Добро познавање на полето за финансии е она што ќе го стекнете со нашите едукативни програми. Покрај Програмата за млади генерации, ние ги поддржуваме младите таленти по нивното стажирање и при обуката за финансиски и сертифициран сметководител.
Твој предизвик? Добро да го организирате своето работно време и да работите прецизно и точно со бројки! Личен контакт со колеги и партнери е подеднакво дел од Вашата секојдневна работа, како и темелното извршување на работните задачи.
Твои задачи како практикант во областа на финансии & контрола
- сигурно управување со системот
- редовна влезна и излезна комуникација
- прецизни и сигурни сметководствени трансакции
- собирање на понуди
- сметководство на трошоци и калкулации
- поддршка на клиенти и добавувачи
Сметководител
Во оваа позиција Вашите главни работни задачи вклучуваат обработката на влезни и излезни фактури, како и нивно точно книжење. Дополнително кон ова потребно е совршено нумеричко разбирање, добро познавање на англискиот јазик и високо ниво на Know-how во областа на EDV (SAP и Excel). Ова ја прави работата во една интернационална средина навистина интересна.
Ваши работни задачи како сметководител
- администрирање на плаќања, опомени и наплата на долгови
- обработка на фактури и опомени
- комуникација со превозници и колеги
- проверка на кредитен лимит
- подготовка на годишни финансиски извештаи
- комуникација со даночните власти
Ваши задачи како контролор
- координација и спроведување на планирањето и буџетирањето
- пресметка и контрола на месечни трошоци
- учество во прогноза, обезбедување на месечни финансиски извештаи
- создавање на одредби и пресметки
- оптимизација на процеси
- известување и обезбедување на проток на информации, релевантни за контролирањето
Ваши придобивки во Quehenberger Logistics
Дали сте заинтересирани да работите во финансии и контрола во Quehenberger? Среќни сме поради тоа! Во прилог на нашите многубројни придобивки можете да го очекувате и следното:
- најсовремени системи
- одлична работна средина
- едикативни програми за обука и можност за напредување
Ние сме тука за Вас!
Имате уште прашања? Вработените во нашиотоддел за човечки ресурси Ви стојат на располагање во секое време!
Kликнете овде и добијте преглед за многуте профили за работа во Quehenberger Logistics.