ИТ вработен со слушалки пред компјутер. ИТ вработен со слушалки пред компјутер.
Дигитални и иновативни.

ИТ во Quehenberger Logistics

Можностите во информатичката технологија се возбудливи, разновидни и предизвикувачки. Нашиот ИТ-оддел ја поставува основата за иновативна и најсовремена работа.

Придонес за дигиталниот развој на компанијата

Глобална работна средина: нашите ИТ-вработени дејствуваат на интернационално ниво. На пример при отворање на големи складови. Тоа значи, пристигнување на лице место и поддршка на колегите. Бидејќи опремата треба да се инсталира, а интерфејсите да се постават. Се разбира, нашите софтверски програми постојано се развиваат. За ова е потребно континуирана координација помеѓу ИТ и оперативните сектори.

Што е потребно освен стручно знаење? Вештини за управување со проекти, комуникациски вештини и апсолутна ориентираност кон одлична услуга!


ИТ-администратор

Дали во областа на Helpdesk, инфраструктура, SAP, TMS, WMS, CRM, EDI или во сервер-администрација – целта е успешна интеракција на сите ИТ-системи во целата компанија, како и најдобра можна поддршка на вработените при различни прашања.

Ваши задачи како ИТ-администратор

  • дизајнирање на ефикасни ИТ-процеси
  • обезбедување непречено фукционирање на мрежната инфраструктура
  • унапредување на процесот на автоматизација и дигитализација
  • корисничка поддршка
  • мрежна безбедност и партнерско вмрежување

Софтвер-развој

Нашите вработени за развој на софтвер се информираат за потребите на стручните сектори и колегите, ги преведуваат во ИТ-системи и создаваат прилагодени апликации. Сите членови на тимот се залагаат за изнаоѓање решенија. Бидејќи постојат интересни предизвици кои треба да се совладаат. Секогаш се случува нешто ново – и никогаш не е досадно.

Ваши задачи како софтвер-развивач

  • креирање, одржување и развивање на апликации
  • развој на иновативни решенија
  • дизајнирање и имплементирање на нови барања
  • проверка и следење на интерфејси
  • поддршка на колегите во изготвување на тендери

SAP-специјалист

Како SAP-специјалист во една динамична компанија како Quehenberger Logistics имате многу можности да бидете креативни. Во случај на аквизиции процесите заеднички се дизајнираат, системите се поврзуваат и барањата од оперативните области технички се спроведуваат. Ова значи самостојна работа во постојана комуникација и размена на информации со колегите.

Ваши задачи како SAP-специјалист

  • одржување на SAP FI/CO-апликација на Key-User-ниво
  • развој и оптимизација на SAP FI/CO-апликација
  • имплементација на надградби, пакети за поддршла, трансфер на податоци и интерфејси 
  • управување со проекти преку активна поддршка во разни проекти 
  • идентификација на барања во соработка со различни сектори

Ваши предности во Quehenberger Logistics

Добра работна атмосфера е наш приоритет. Дознајте повеќе за вашите придобивки како вработен во Quehenberger Logistics!

Ние сме тука за Вас!

Имате уште прашања? Вработените во нашиот оддел за човечки ресурси Ви стојат на располагање за дополнителни информации!

Kликнете овде и добијте преглед за многуте профили за работа во Quehenberger Logistics.