Вработените работат на компјутер со царински документи. Вработените работат на компјутер со царински документи.
Точни и сигурни.

Царински улуги во Quehenberger Logistics

Кои царински одредби и прописи важат за одредена земја?

Размислување надвор од границите


Со цел оптимално да ги поддржиме нашите клиенти во оваа област, нашите вработени во царинските служби имаат широко познавање за сложените царински постапки. Тие соработуваат со меѓународни царински испостави и точно ги знаат соодветните процедури. И пресметката на разните царински услуги спаѓа во нивна надлежност. 

Царинската услуга е прашање на доверба! Нашите клиенти се потпираат на прецизна и внимателна работа на нашите царински декларанти. Сите царински документи мора да бидат точни за да се спречи доцнење во транспортниот синџир.


Царински декларант / Специјалист за царински услуги

Како специјалист за царинење Вие гарантирате за правилно извршување на сите царински формалности. Сеопфатно  царинско Know-how, добри јазични и системски вештини, како и прецизен метод на работа се од суштинско значење. Вие сте совесни и ориентирани кон квалитетна услуга? Возбудливи предизвици чекаат на Вас во областа на царински услуги!

Како царински декларант ги преземате овие работни задачи

  • изготовка на документи во сите царински постапки
  • интрастатски декларации
  • доставување на писмени изјави до царински испостави
  • царински информации за клиентите
  • интерна и екстерна пресметка
  • водење на царинска евиденција
  • контрола на царински документи

Ваши предности во Quehenberger Logistics

Царинење на пратки е твоја професија? Во нашиот тим те очекуваат многубројни придобивки!

Ние сме тука за Вас!

Имате уште прашања? Вработените во нашиот оддел за човечки ресурси Ви стојат на располагање за дополнителни информации !

Kликнете овде и добијте преглед за многуте профили за работа во Quehenberger Logistics.