Успешна приказна – Robert Hartmann.

Интервју за успешна приказна

„Нашата корпоративна култура промовира посветени и одговорни вработени.“
Robert Hartmann, Managing Director Air + Ocean

Од кога работите во компанијата?

 

По 18 години во една глобална компанија во летото  2015 година повторно се вратив дома, во фамилијата  на Quehenberger! Значи  „назад кон корените“.

 

На која позиција започнавте во Quehenberger ? Која позиција ја имате моментално ?

 

Мојот почеток како приправник во областа на националниот и интернационалниот транспорт беше во 1993 година. Денес сум горд менаџер на  Quehenberger Air + Ocean GmbH и имам многу планови со мојот одличен тим: Сакаме да станеме најдобар провајдер во областа на авионски и океански транспорт на австрискиот пазар. И ние сме на добар пат !

 

Што Ви се допаѓа во врска со Вашата работа?

 

Едноставно сеʽ!

 

Што цениш во твојата работна средина?

 

Јасното фокусирање на бизнисот. Тимскиот дух е важен за нас. Само заеднички можеме да постигнеме големи успеси.

 

Како ве поддржуваше Quehenberger во Вашиот личен и професионален развој?

 

Од една страна добив одлична стручна подготовка во деведесеттите години, а од друга страна со довербата што ми беше доделена во 2016 година, кога ми ја понудија функцијата менаџер.  

 

Дали имате некој важенмомент што би сакале да го истакнете?

 

Најважни за мене се вработените кои постојано се развиваат, односно напредуваат. Неверојатно сум горд на ова, бидејќи додава огромна вредност на нашата секојдневна напорна работа. 

 

Зошто би го препорачале Quehenberger како работодавец?

 

Ние во Quehenberger извршуваме и живееме за транспорт. Нашата корпоративна култура промовира посветени и одговорни вработени. Ако сакате да направите разлика и да прославувате успеси, аплицирајте за работа во Quehenberger!